Концерт на македонската група КОД 369 во Македонскиот КИЦ во Софија
Бендот создава нови музички моменти на фанк, џез и класични инструменти, кои се вплетуваат во препознатливиот рок заедно со влијанијата од современата рок и поп музика. Нивната музичка мисла е секогаш на границата помеѓу алтернативниот рок и комерцијалната рок и поп музика, зачувувајќи ја брилијантноста, слободата и авангардните идеи од првата категорија и прифатливоста на втората. Преку нивните текстови, може да се идентификуваат универзалните човечки и литературни вредности, љубовта како движечка сила и моќта на поединецот како двигател што ја дарува најдобрата верзија од себе.
КОД 369 се македонски бенд од Битола формирани во 2020 година: Ирена Димовска (вокал), Даниел Митревски (гитара, придружни вокали), Иле Лулевски (тапани, придружни вокали) и Гоце Јованоски (бас гитара).
„CODE 369“ во 2022 година потпиша петгодишен ексклузивен издавачки договор со најголемата регионална издавачка куќа „Кроација Рекордс“. На нивната работна посета во Загреб тие го снимија и првиот сингл на хрватски јазик, со наслов „Права љубав“.