Концерт на Јелена Розга во февруари во „Борис Трајковски“


По неколкуте спектакуларни концерти во регионот, Скајмјузик за почетокот на следната, 2024 година, го закажа големиот скопски концерт на една од најпопуларните ѕвезди на овие простори – Јелена Розга, која во рамки на турнејата „Минут срца мог“ на 10 февруари ќе настапи пред публиката во арената Борис Трајковски!

Јелена Розга, кралицата на поп-сцената и миленичката на сите генерации, е позната по своите врвни настапи и неверојатната харизма, а нема сомнеж дека низ арената во Скопје ќе прозвучат хитовите од соло кариерата на Јелена, како што се нумерите „Бижутерија“, „Окус ментола “, „Нирвана“, „Соло играчица“ и неизбежниот „Цунами“, но и оние што ги пееше додека беше во групата Магазин, каде и ја стартуваше кариерата.

Спектаклот ќе биде заокружен со врвната аудио-визуелна продукција потпишана од Skymusic продукција.

Влезниците за големиот солистички концерт во Скопје веќе се пуштени во продажба, и тоа преку www.efinity.rs, преку бесплатната апликација eFinity, како и преку веб-страницата www.kupikartizase.com и на сите нивни продажни местаи тоа по цени од 1000 денари за партерот, 1500 за фанпитот, сребрените и златните седишта чинат 1300 и 1800 денари, додека влезниците за ВИП делот се продаваат по цена од 2200 денари.

Од утре преку www.kupikartizase.com достапни ќе бидат и ВИП пакетите – резервација за висока маса + 4 влезници + шише Johny Walker или Ј&B + 4 лименки Red Bull чини 12.500 денари, а резервација за висока маса + 4 влезници + шише Johny Smirnoff или Gordon’s + 4 лименки Red Bull – 11.500 денари.