Комерцијална банка: Исплатата на јулските пензии започнува в понеделник


Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите за јули од понеделник, 31.07.2023 година. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка, со својата пензија ќе може да располагаат од понеделник 31.07.2023 година и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во две групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:

Понеделник, 31.07.2023 година, исплата на пензии до 14.000 денари,
Вторник, 01.08.2023 година, исплата на пензии над 14.001 денар,

За да се избегнат редиците за сите корисници на банкарски услуги, апелираме при посета на филијалите и експозитурите на Комерцијална банка да се почитува наведениот распоред.