Колку тежат партиските сметки на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ?


Фото: Б. Грданоски

Државниот завод за ревизија ги објави извештаите  за приходите и расходите на  најголемите политичкии партии – СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во 2018 година.Дел од партиите освен од членарини, подароци и донации имаат приходи и од кирии, продажба на производи и услуги.

Најголеми приходи во текот на 2018 година од 122,9 милиони денари имал СДСМ, што е речиси двојно повеќе во однос на претходната година. Од вкупните приходи, за плати биле одвоени 8,1 милиони денари.

Приходите кај ВМРО-ДПМНЕ во 2018 година изнесувале 114,7 милиони денари, што е
намалување во однос на претходната година кога тие изнесувале 174,9 милиони денари. За плати во 2018 година биле одвоени 4,3 милиони денари.

Приходите на ДУИ во 2018 година изнесувале 37,9 милиони денари,што е зголемување
во однос на претходната година кога тие изнесувале 21,9 милиони денари. За плати во
2018 година биле одвоени околу 3 милиони денари, што е значително зголемување во
однос на 2017 година кога за оваа намена биле потрошени 1,6 милиони денари.
Од извештајот на државните ревизори се открива дека СДСМ преку правна постапка си го бара наследството, а  ВМРО-ДПМНЕ на рати отплаќа милионски долгови.

Според извештајот ВМРО-ДПМНЕ на 31.12.2018 година имала неизмирени
обврски во износ 307.354.000 денари (околу 4,9 милиони евра, при што 53,84 отсто од нив се постари од три години.