Која е новинарката на РТС која српските граѓани кои протестираат ги нарече – орда?

Во емисијата на Бојана Млаѓеновиж често гостуваше претседателот Александар Вучиќ


Бојана Млаѓеновиќ работи 16 години во РТС

 

Студентите сигурно имаа повеќе од доволно причини да го блокираат РТС во претходните месеци, но последната капка се покажа дека е последното појавување на Александар Вучиќ на јавниот сервис, кога новинарката на програмата, Бојана Млаѓеновиќ, ги нарече луѓето кои ќе бидат на улиците на Белград на 15 март – орда.

Вучиќ во еден дел од посетата праша зошто протестот што ќе се одржи на 15 март не е закажан пред Палатата Србија или на некое друго место. Тој потоа се осврна на „студентите кои сакаат да учат“ кои веќе неколку дена кампуваат пред српското претседателство, барајќи прекин на блокадите на факултетите.

„ Тоа го планирале за да можат физички да повредат некого. Тогаш прашувате ‘зошто некој не ги отстранува оние што се само легално таму и кои никому не му пречат?’. Никому не му го блокираа патот, никому не газеа жуљ“ – на што водителката на РТС одговори: „Така е“, а потоа додаде: „Но, не треба да сметаме на добрата волја на ордата“.

За само неколку часа, откако јавниот сервис ги нарече орда сите граѓани, студентите ги блокираа влезовите на РТС, а неколку илјади луѓе, иако беше доцна навечер, се собраа пред телевизијата во знак на поддршка. Набрзо пристигнаа полицајци и жандармерија, по што дојде до инцидент.

Како што на шега пишуваа многу колумнисти и новинари во последните месеци, Бојана Млаѓеновиќ беше честа гостинка во емисиите на РТС на претседателот на Србија. Токму во разговорите со неа Вучиќ ја критикуваше РТС дека не си ја врши добро работата во известувањето за протестите.

Бојана Млаѓеновиќ денеска изјави дека дел од прашањето поставено на српскиот претседател за време на интервјуто во Дневникот во понеделникот е извадено од контекст и погрешно се толкува во јавноста, пренесува „Нова.рс“.

„Во текот на разговорот, во еден момент го прашав претседателот што ќе се случи ако ‘ордата’ се движи против студентите во Пионерскиот парк, алудирајќи на неговите тврдења за тоа кој ќе им се придружи на студентите на протестот закажан за сабота, 15 март.

По одговорот на претседателот го појаснив тоа што го кажав и кажав дека студентите воопшто не ги сметам за орда, туку оние кои, како што рече, имаат намера да извршат насилство. Сега ја користам оваа прилика дополнително да ѝ се извинам на јавноста за употребата на таков збор во кој било контекст. Тој збор, инаку, не е дел од мојот новинарски речник“, вели уредничката на РТС, Бојана Млаѓеновиќ.

Водителката Бојана Млаѓеновиќ е познато лице на јавниот сервис каде што работи 16 години и е една од уредниците на информативната програма.

Пред РТС, таа работеше во телевизијата Студио Б.

Бидејќи се занимаваше со темата правосудство, по повод десетгодишнината на „Здружението на судии и обвинители“ ѝ беше доделена награда за придонес во зајакнувањето на владеењето на правото.

На нејзиниот профил на Линкедин, таа истакна дека е „искусна новинарка со докажано искуство за работа во индустријата за емитување медиуми“.

Водителката беше активна на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, но по овој инцидент набрзо ги деактивираше своите профили на мрежите. (Данас)