Која е Леони Хана, највлијателната модна инфлуенсерка?
Во 2014 година работеше во корпоративниот свет како консултант за стратегии, но тогаш преовла нејзината љубов кон модата. Одлуката да остави сигурна работа и да се сврти кон социјалните мрежи добро и се исплатеше на Германката Леони Хана која деновиве е прогласена за највлијателна модна инфлуенсерка. Во тоа време таа го водеше блогот leoniehanne.com, а денес нејзиното влијание се шири преку Инстаграм и ТикТок.
За потсетување, платформата Launchmetrics, која се занимава со мерење и споредување на влијанието на медиумските пласмани на брендовите во областа на модата и убавината, објави дека Leonie е најуспешниот моден инфлуенсер во однос на популарноста на објавите од Модните недели во парз, Њујорк, Милано и Лондон. Таа ја надмина дури и Италијанката Кјара Ферањи.
Најголема поддршка во нејзината кариера како инфлуенсер има нејзиното момче Александар Галиевски, поранешен финансиер кој е одговорен за сите нејзини фотографии од самиот почеток, како и за договарање на соработки. Самата Леони во неколку наврати признала дека најголем проблем и била срамежливоста, но со текот на времето успеала да ја надмине.
Она што ја турна на врвот е фактот што е многу барана за луксузни проекти, па беше заштитно лице на светските кампањи за луксузните брендови Луј Витон и Ла Мер.
Покрај споменатите брендови, до денес има остварено партнерства со Chopard, Dior, Fendi, Givenchy, Swarovski, Tommy Hilfiger… Таа е горд амбасадор на amfAR, а зад неа стојат едиторијали за престижните списанија Vogue, Marie Claire, Ел и други.

Покрај тоа, Леони доста паметно го искористи глобалното заклучување за да го зголеми бројот на нејзините следбеници. Додека многу инфлуенсери беа изненадени од фактот дека веќе нема настани и модни недели, Германката многу брзо се адаптираше и почна да споделува на Инстаграм што јаде, како вежба, со што го опремува својот стан и сите други детали од нејзиниот приватен живот кој луѓето секогаш сакаат да го знаат.
Таа со своите обожаватели ги сподели аглите од станот што таа и Алекс го купија во Хамбург, но и оној што го изнајмија во елитен лондонски кварт.
Lyst и Launchmetrics ја прогласија за една од највлијателните модни инфлуенсери во 2020 година, а денес таа го зацврсти тој статус.
