Кој е Миша Бачулов, човекот кој донесе цистерна полна со фекалии на протестот во Нови Сад
На денешните протести во Нови Сад се истакна познатиот новосаѓанец Миша Бачулов (Ронин), наградуван спортист и хуманитарец.
Бачулов денеска беше еден од лицата кои истоварија фекалии на градското собрание во Нови Сад, пишува Данас.
Преку спортување и хуманитарна работа ја стекна довербата на многумина од Нови Сад и секојдневно се труди да ги насочи вештините на младите на вистинскиот пат.
Бачулов е трет во светот во тајландски бокс, вицешампион на Балканот и сопственик на 30 медали. Години помина во Чешка и Холандија, но неговата натпреварувачка кариера ја прекина повреда на рамото, по што се врати во Србија и почна да се занимава со селекторство.
Бачулов го отвори клубот „Ронин џим“, а потоа почна да тренира нови борци и да се занимава со хуманитарна работа.
Досега има организирано повеќе од дваесет хуманитарни турнири „Борба против насилство“ на кои се собрани повеќе од 30.000 евра, а парите биле донирани за оние на кои им биле најпотребни.
Неговите спортисти меѓу другото им помагаа и на членовите на Здружението „Сунце“ кое згрижува деца заболени од церебрална парализа.
Роден е во 1982 година, а сериозно почнал да се занимава со боречки вештини во 2000 година.