Кои аеродроми во регионот имаат најмногу летови


Фото: Б. Грданоски

Пресметувајќи го периодот од последниот ден на јули до шести август, аеродромот во Белград имал најмногу летови во просек – 127,6 дневно. Следен е Сплит, на кој очигледно му оди многу добро оваа сезона – нивниот просек е 84,1. Загреб е трет (62,1), Дубровник е петти (53,4), а Приштина е шеста (45,6).

На аеродромот во Скопје во тој период дневно се регистрирале во просек по 31 лет, а во Сараево 25,4.

Следува Подгорица (24,6), па Тиват (22,9).

Двоцифрен просек имаат и аеродромите во Љубљана (21,9) и Пула (16,1).

Она што е многу интересно се најфреквентните линии од аеродромот во регионот.

Линијата Приштина – Базел води, со дури 63 полетувања, по што следат Сплит – Лондон (60), Тиват – Белград (56) и Белград – Истанбул (43).