Клои Кардашијан оперираше тумор на лицето
САД– Додека минатиот месец одмараа во Малибу, папараците ја фотографираа Клои Кардашијан со фластер на лицето, а ријалити ѕвездата сега им откри на фановите за што се работи. Таа сподели серија фотографии од нејзината кожа и објасни како неодамна и е отстранет тумор од лицето.
„Видов многу приказни за фластерот кој постојано ми е на лицето, а некои од вас се прашуваат зошто го носам во последните неколку недели. Откако забележав мала испакнатина на моето лице и претпоставив дека е нешто помало, како мозолче, решив да направам биопсија седум месеци откако сфатив дека не исчезнува“, напиша Кардашијан покрај фотографиите на нејзината приказна на Инстаграм.
Таа додаде дека двајца различни лекари и направиле биопсии и заклучиле дека таква грутка е „невообичаено ретка“ за некој на нејзина возраст. Неколку дена подоцна и беше кажано дека и е потребна операција за отстранување на туморот од нејзиното лице.
Клои потоа се сврте кон д-р Гарт Фишер, еден од врвните хирурзи во Беверли Хилс, кој е добар пријател на семејството Кардашијан.
Таа објасни дека ја споделила оваа приказна за да ја подигне свеста на луѓето за важноста на редовните прегледи.
“Имав меланом на грбот кога имав 19 години, како и операција за отстранување, па затоа сум предиспонирана за меланоми. Дури и ако не сте склони кон нив, секогаш треба да се проверувате. Јас сум некој кој нанесува крема за сончање секој ден, религиозно, така што никој не е ослободен од овие работи“, рече таа.
На крајот таа му се заблагодари на д-р Фишер за помошта и истакна дека е среќна што рано го забележала туморот:
„Имав среќа и сè што имам е лузна со која ќе ја раскажам приказната. Повеќето луѓе немаат среќа како мене и ќе бидам засекогаш благодарна“.