Клинт Иствуд на 93 години снима нов филм


Холивудскиот ветеран Клинт Иствуд, актер, режисер и продуцент, на 93-годишна возраст се враќа зад камерата како режисер, снимајќи го филмот „Поротник 2“.

Филмот се снима во американската држава Џорџија, а во него ќе глумат британскиот актер Николас Холт и австралиската актерка Тони Колет, пренесува People.com. Во филмот ќе се појават и канадската ѕвезда Кифер Сатерленд и американската актерка Зои Дојч.

Новиот проект на живата легенда на американската и светската кинематографија е правен трилер чиј заговор следи поротник во судење за убиство кој сфаќа дека можеби ја предизвикал смртта на жртвата и мора да се соочи со дилемата дали треба да манипулира поротата да се спаси или да ја открие вистината и да се предаде.

Тоа ќе биде првиот филм на повеќекратниот оскаровец по „Cry Macho“ од 2021 година.

Снимањето продолжи откако многу филмски продукции беа стопирани поради штрајкот на американските актери што започна во средината на јули и заврши неодамна.