Клингонскиот јазик има збор за корона вирусот
Клингонскиот јазик, измислен за потребите на филмскиот серијал „Ѕвездени патеки“, го пршири вокабуларот за неколку зборови поврзани со пандемијата од корона вирус, потврди еден од неговите течни говорници.
„Пандемијата ги окупира и следбениците на клингонскиот јазик“, рече јазичниот стручњак на „Ѕвездени патеки“, Лиевен Л. Литијар, кој од измислителот на тој јазик, американскиот лингвист Марк Окранд, побара јазично надополнување за поимите „Ковид-19“”, „корона вирус“, „не сум болен“ или „вакцинирање“.
Тоа се последните зборови кои му се придружија на клингонскиот јазик кој сега брои повеќе од 4.000 зорови. Изворно, клингонскиот јазик имаше само 1.800 зборови во моментот кога настана во 1985 година.
Литијар, кој сега предава клингонски јазик онлајн, мисли дека во светот само 20 до 30 луше течно го вадеат тој јазик кој има многу незгодни грлени гласови.
Според Институтот за клингонски јазик, до сега продадени се повеќе од 300.000 примероци на клингоснки речник.
Литијар, кој е роден во Белгија и живее во германија, во 2019 година ја освои германската награда за фантастика поради превод на детската книга „Малиот принц“ на Антоан де Сент Егзипери на клингонски.