„Кластерите не се отвораат со тупаници“: Тонино Пицула го осуди нападот на Ѓилас


 

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула го осуди нападот врз лидерите на опозицијата Драган Ѓилас и Ѓорѓе Алексиќ синоќа во Белград.

„Најостро го осудувам нападот врз Драган Ѓилас и Ѓорѓе Алексиќ! Јавниот простор не смее да биде полигон за насилство врз политичките противници. Кластерите не се отвораат со тупаници“, напиша Пицула на социјалната мрежа Икс.

Лидерот Партијата на слободата и правдата (ССП) Драган Ѓилас и неговиот сопартиец Ѓорѓе Алексиќ синоќа на улиците во Белград затекнаа луѓе кои лепат плакати против претседателот на ССП, по што дојде до тепачка и напад во кој беа повредени и двајцата опозиционери.

Лидерот на ССП вели дека групата ја предводел Лука Петровиќ, градскиот секретар за инвестиции и висок функционер на СНС, кој, како што вели, прв го удрил.