Ќе се скрати процедурата за градење здравствени, образовни и научни објекти, но и за катни гаражи


Министерството за транспорт на денешната седница на Владата предложи измени на Законот за урбанистичко планирање. 

Како што се посочува во соопштението од владината седница, со измените ќе се скрати и олесни процедурата за изградба на здравствени, образовни и научни објекти, како и катни гаражи кои ќе бидат во функција на решавање на сообраќајниот хаос.

Со измените ќе се забрза процедурата и ќе се олесни начинот на градба.