„Ќе се повлечеме од купување нов авион и ќе се молиме да останеме живи“: Мицкоски се откажа

Премиерот ѝ даде можна фаталистичка рамка на иднината: ако паднел сегашниот авион ќе било јасно дека требало да се купи нов


 

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата ќе се повлече од намерата да купи нов воздухоплов и дека тоа прашање, кое го смета за беспредметно, ќе го остави за некоја идна влада. Тој го критикуваше политизирањето на ова прашање, велејќи дека освен за потребите на Владата, авионот би се користел и за хуманитарни цели.

Ова доаѓа по острите реакции во јавноста за патувањето на државни функционери со владиниот авион и по тврдиот став на Владата дека не може да изма зголемување на минималната плата. И во исто време се пропагираа најавите дека е потребно да се купи нов државен авион.

Мицкоски даде дури и фаталистички можни ситуции.

„Ние ќе се повлечеме од таа набавка и ќе се молиме да останеме живи. Доколку се урнеме некаде и доколку починеме, тогаш претпоставувам дека ќе им стане јасно на сите дека оваа дебата за некоја идна влада и за некои идни премиери е одвишок и дека е беспредметна“, изјави Мицкоски, одговарајќи на прашање на новинарите за користењето на владиниот авион и за најавената набавка на нов воздухолов.

„Јас ја следам оваа дебата, ја разбирам дебатата од страна на опозицијата, тие мислат дека со ниски страсти ќе создадат тема со која ќе ја нападнат Владата, па потоа како тема ја поставуваат и набавката на нов воздухоплов кој би го користела Владата. Но, не само Владата, тој би се користел и за хуманитарни причини“, изјави Мицкоски на маргините на конференцијата посветена на сузбивањетол на сивата економија што се одржува во Скопје.

Тој нагласи дека потребите за користење на владиниот воздухоплов е соодветно на потребите на владата.

„Тоа е исто како да го поставиме прашањето зошто имате ‘шкода суперб’ службено возило и зошто секој ден го користите и кој е тој што одлучува дека токму тоа возило вас ќе ве превезува од вашиот дом до работно место или од точка А до точка Б“, рече Мицкоски.

Притоа тој одговори и на пишувањата во медиумите колку пати и за која намена го користел воздухопловот.

„Бидејќи се отвори дебата за мене, должен сум да одговорам. Јас го корисетв не три, туку четири пати“, рече Мицкоски.

Тој објасни дека еднаш го користел воздухоловот кога на покана на унгарскиот премиер Виктор Орбан имал билатерална средба во Будимпешта. Натаму патувал со комерцијалне лет до Виена, поради тоа што еден од екипажот кој што управува со воздухопловот имал приватни обврски и не бил во состојба да го однесе до дестинацијата. За назад дошле по премиерот во Виена затоа што имал итни неодложни состаноци во Скопје. Покрај билатералната престој таму го искористил да настапи на настан што го организирала сестринската партијата Фидес.

Вториот пат бил исто така на покана на истата сестринска партија на настан кој што тие го организирале во Белград.

„Тогаш и отидов и се вратив, тоа не е споменато во јавноста, сакам и ова да се забележи. Сам патував и дел од луѓето кои што се мое обезбедување“, рече премиерот

Третиот пат, како што додаде, бил до Хрватска со комерцијален лет на „Кроација ерлајнс“ до Сплит на покана на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, при што имал работна вечера. Годишниот одмор кој што требал да трае три дена го продолжил за еден ден, односно да трае четири дена, поради што го испуштил повратниот лет со комерцијалниот лет до Скопје, а следниот ден, како што појасни, имал неодложни обврски, па затоа дошол владиниот воздухоплов, го зел од аеродромот во Сплит и го донел во Скопје. Премиерот притоа не објасни дали патувал сам или со членови на неговото семејство. 

Четвртиот пат бил деновиве заедно со шефот на неговиот кабинет и со советникот за надворешни работи, амбасадорот Марковски, до Тирана и од Тирана до Скопје.

„Еве сега најавувам дека во почетокот на јуни најверојатно ќе го користам владиниот водухоплов до Подговица и истиот ден ќе се вратам назад, бидејќи не би сакал да останам повеќе од еден ден поради неодложните обврски кои што ги имам во Владата“, реќе Мицкоски.

Тој додаде дека владиниот воздухоплов е сѐ уште во возна состојба.

„Може да поразговарате и со лицата кои што го управуваат и тие се тие кои што ининицираа да се обидеме да обезбедиме средства за да набавиме нов воздухоплов“, рече Мицкоски.

Тој за наметнување во јавноста на оваа тема ја обвини опозицијата.

„Гледам дека од опозицијата се создава оваа тема иако на една од лидерските средби, формални и неформални, што сум ги имал со претседателот на СДСМ, тој беше многу јасен и рече дека за ова не треба да се критикува Владата и дека тие нема да ја критикуваат Владата бидејќи утре ќе биде друга влада, а воздухопловот ќе се користи и за хуманитарни причини“, рече Мицкоски.

Актуелниот авион „лирџет“ само два пати се користел за хуманитарни цели од летото 2024 до крајот на 2025: еднаш за превоз на повредни од пожарот во Кочани, а втор пат за префрлање на македонски граѓани од Израел за време на војната во Газа. (М.Ј.)