Ќе одговараат ли газдите кои земаа субвенции, а не дадоа плати?

Сè уште не се знае дали ќе има кривична одговорност за газдите на фирмите кои пролетва зедоа државна помош, а не им исплатија плати на вработените. Од Обвинителството постапуваат по пријавите доставени од Владата. Од УЈП велат дека дел од фирмите добиле опомена, а дел решенија за присилна наплата, пишува Радио Слободна Европа.

Според обработените податоци на Управата за јавни приходи до денеска, вкупно 187 работодавачи кои примиле финансиска поддршка за исплата на плати за април, мај и јуни 2020 година, всушност не исплатиле плати за некој од тие месеци, односно некои не исплатиле плата само за еден, некои за два, а некои за сите 3 месеци.

Во рамките на законски утврдените надлежности, од Управата за јавни приходи прво извршиле опоменување на тие фирми, а потоа до носителите на платен промет доставиле и решенија за присилна наплата на неплатен долг по месечните пресметки за интегрирана наплата.

Работодавачите кои примиле финансиска поддршка за исплата на плати, а се уште имаат неисплатени плати за некој од месеците април, мај и јуни, најмногу се од секторот трговија на мало, освен трговија со моторни возила и мотицикли (35 работодавачи), потоа следува секторот дејности за подготовка на оброци и служење на храна (27 работодавачи) и секторите копнен и цевоводен транспорт и специјализирани градежни дејности (по 8 работодавачи).

Целиот текст ТУКА