Кипар ја зголеми казната затвор за предизвикување пожар од три месеци на 8 години


Построги казни за предизвикување пожар што се меѓу осум и 12 години затвор и парична казна меѓу 50.000 и 100.000 евра, одлучи кипарската Влада на вчерашната владина седница.

Министерката за земјоделство, рурален развој и животна средина на Кипар Марија Панајоту соопшти дека казната за предизвикување пожар во шуми од десет години затвор и/или парична казна од 50.000 евра се зголемува на 12 години затвор и/или 100.000 евра.

За пожар на отворено казната е десет години затвор и/или парична казна од 75.000 евра (од пет години и/или 20.000 евра според актуелниот закон), додека пак за предизвикан пожар во општини постоечката казната од три месеци затвор и/или 860 евра се зголемува на осум години затвор и/или парична казна од 50.000 евра.

Панајоту објасни дека законот за шумарство, ажуриран со построги казни во 2018 година, сега е основа за новите измени и во согласност со предвиденото во кривичниот законик.

-Треба да се спомене дека во законот за шумарство, покрај казната за која ќе одлучи судот, додадена е и обврската лицето што го предизвикало пожарот да го плати целиот или дел од износот потрошен за гаснење на пожарот, истакна надлежната министерка.