Кинезите развија човечки бубрег од свински ембриони


Научници од институт во кинескиот град Гуангжу успеаја да развијат бубрежно ткиво со претежно човечки клетки од ембрион на свиња, што го отвори патот за „производство“ на органи за донација.

Тимот предводен од Лиангчу Лаи од Институтот за биомедицина и здравје ја објави студијата во научното списание Stem Cell.

Како изгледа постапката?

Нивната работа зависела од „исклучување“ на гените SIX1 и SALL1 во ембрионите со помош на Crispr/Cas – алатка која често се опишува како генетски ножици.

Тоа значи дека ембрионите не развиле свински бубрег и дека е формирана празнина во која т.н. „плурипотентни“ човечки матични клетки од папочната врвца.

Вака развиените бубрези содржеле повеќе од една третина од свински клетки, што може да доведе до отфрлање во случај на трансплантација, велат научниците кои нагласуваат дека процедурата допрва треба да се подобри.