Кинези го преземаат сопственикот на популарните продавници за електроника „МедиаМаркт“ и „Сатурн“


Се случи едно од најголемите преземања на малопродажни објекти на електроника во Европа. Германската компанија Ceconomy, која ги поседува добро познатите ланци MediaMarkt и Saturn, заврши во рацете на кинескиот малопродажен ланец JD.com.

Кинезите ќе платат 7 проценти повеќе од пазарната вредност за секоја акција на Ceconomy, што е околу 4,6 евра. Ceconomy генерира околу 22,4 милијарди евра годишен приход, од кои 5,1 милијарди преку онлајн продажба. Аквизицијата ќе му даде на кинескиот JD.com речиси 1.000 физички продавници во Европа и силен онлајн пазарен удел.

Досега, најголемата пречка за преземањето беше противењето на семејството Келерхалс, кое поседува речиси 30 проценти од акциите на Ceconomy преку Convergenta, но на крајот се согласија да го намалат својот удел. Тој ќе остане на 25 проценти, се вели во соопштението за медиумите.

JD.com вети дека нема да затвора продавници, да наметнува отпуштања или да се меша во колективните договори во следните три години.

„Целта е да се зајакне европската малопродажба со заеднички вредности и комплементарни предности“, рече извршниот директор на Ceconomy, Кај-Улрих Дајснер.