Кинеските медиуми за отстранувањето на поранешниот претседател на Кина: Не му беше добро


 

Во неочекуваниот потег што ја наруши церемонијата на затворање на Националниот конгрес на Комунистичката партија на Кина во саботата, поранешниот кинески лидер Ху Џинтао беше изведен надвор од салата.

Се чини дека 79-годишникот со изнемоштен изглед не сакаше да го напушти првиот ред каде што седеше до кинескиот претседател Си Џипинг.

Државните медиуми доцна синоќа објавија дека Ху инсистирал да присуствува на седницата и покрај тоа што не бил добро.

„Бидејќи не се чувствуваше добро за време на состанокот, неговиот персонал заради неговото здравје го придружуваше до просторијата за одмор до салата за состаноци. Сега е многу подобро“, објави Синхуа на Твитер, платформа која е блокирана во Кина.