Кинеска компанија планира масовно производство на летечки автомобили до 2024 година


Кинескиот производител на електрични возила „Икспенг“ (Xpeng) планира до 2024 година масовно производство на летечки автомобили чија цена нема да надмине 157.000 долари.

Оваа кинеска стартап компанија претстави прототип на возилото X2 развиен од HT Aero, подружница на компанија специјализирана за летечки автомобили.
Во извештајот на порталот TechCrunch се вели дека компанијата „Xpeng“ само минатата недела обезбедила над 500 милиони долари од инвеститори за овој производствен проект, пренесува магазинот Insider.


Летечкиот автомобил лета на мала надморска височина и се контролира со волан за возење по патишта и една рачка за режими на летање.
На веб-страницата  na „Xpeng“ се наведува дека X2 може да прими две лица, има ротори кои можат да се преклопат кога возилото е во режим на патен сообраќај и се проширува при летање, а максималното време на лет е до 35 минути.