Кина ја продлабочува соработката со Русија за „стратешко партнерство за нова ера“
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска во Пекинг изјави дека Кина ќе продолжи да ја продлабочува стратешката соработка со Русија.
– Кина и Русија ќе го задржат својот стратешки фокус и ќе продолжат да го продлабочуваат кинеско-руското сеопфатно стратешко партнерство за нова ера, истакна Ванг на прес-конференција.
Тој, исто така, нагласи дека Кина сака да продолжи да игра конструктивна улога во поттикнувањето на руско-украинските преговори.