Ким Џонг Ун смисли како да го реши проблемот со гладот – ќе се јадат лебеди

Лебедите ширум светот се сметаат за мистериозни и убави птици, а прославени се поради својата грациозност и заштитени од лов.
Но, во настојувањето да го надмине хроничниот недостиг од храна, раководството на Северна Кореја ги стави на мени.
Така, Северна Кореја најде уште едно „магично решение“ за борба против хроничната глад – црните лебеди.
Главниот секретар на владејачката Работничка партија на Северна Кореја во провинцијата Јужен Ханџонг отвори центар за одгледување црни лебеди на фарма за патки на истоќниот брег на земјата.
Церемонијата, емитувана на државната телевизија, беше дел од пошироката кампања за промовирање конзумација на црни лебеди, додека Северна Кореја се бори со „криза за храна“.
Местото од црните лебеди го опишуваат како многу „вкусно“, а весникот на владејачката партија тврди дека „активно ќе придонесе за подобрување на животот на луѓето“.
местото од црн лебед државните медиуми го фалат и како „исклучително здрава храна на 21 век со единствен вкус и исклучително висока нутритивна вредност“.
Лебедите – црни или бели – не се познати како специјалитет ни во Јужна ни во Северна Кореја, но втората, бидејќи се бори со контантен недостиг од храна, има историја на промовирање егзотично месо како решение за тој приоблем.
Во деведесеттите години Ким Џонг Ил, покојниот татко на севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун, одговори на гладтаа меѓу населението со промовирање месо од зајак и од ној.