Кевин Костнер се разведува од втората сопруга по 18 години брак
Сопругата на Кевин Костнер, Кристин, поднесе барање за развод од ѕвездата на „Јелоустоун“ по повеќе од 18 години брак.
Според документите до кои дојде ТМЗ, Кристин во понеделникот поднела документи за да го прекине бракот и наведе „непомирливи разлики“. Таа не бара изддршка од брачниот другар, бидејќи има предбрачен договор. Тие имаат три деца: Кејден (15), Хејс (14) и Грејс (12).
Кевин (68) и Кристин (49) се заедно 25 години. Тие се венчаа на ранчот на актерот од 160 хектари, „Данбар“, во Аспен, Колорадо, во 2004 година. Тие ја држеа својата врска и семејството подалеку од центарот на вниманието во последните две децении. Во ретко интервју за неговиот личен живот, актерот рече дека пандемијата ја зајакнала нивната врска.
„Нашето партнерство навистина дојде во фокусот на тоа што правиме еден за друг и како се однесуваме со нашето семејство“, изјави Кевин за „Пипл“ во 2020 година, додавајќи дека „навистина се чувствува удобно со моето семејство“.
„Нашата куќа е како река: само треба да влезете во нејзиниот тек“, продолжи тој. „И што и да мислевте дека ќе биде, можеби сè уште може, но ќе мора да работи со она што ќе го донесе денот“.
Кристин и Кевин првпат се запознале на терен за голф кога актерот вежбал за Тин купот во 1996 година. Тој сè уште беше технички оженет со својата прва сопруга Синди Силва, со која има три возрасни деца. Двајцата се разделија во 1994 година и, според „Форбс“, тие го имале еден од најскапите разводи во историјата бидејќи актерот наводно платил дури 80 милиони долари за спогодба. Во 1998 година, Кевин и Кристин повторно се поврзаа и оттогаш се заедно.
Веста за разводот доаѓа кога актерот е вмешан во жесток спор со продуцентите на „Јелоустоун“ што би можело да стави крај на вестерн серијата, која се рангира како најпопуларно стриминг шоу.