Кешишев слушнал истрел во Велешко кај дупката, додека ги чекал Палчо и другите

– Дали во тој ранец претпоставувате дека бил пиштолот? – запраша судијата. – Не знам, не го отворав ранецот. Додека не ми кажат, не пипам ништо


Од судењето на обвинетите за убиството на Вања и Панче (Фото: Б. Грданоски)

На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, судијата Ивица Стефановски го испрашуваше четвртообвинетиот Влатко Кешишев, кој рече дека не памти датуми, но знае каде бил ден претходно.

На прашање на судијата дали настанот со Панче Жежовски бил на 22.11.2023, Жежовски рече дека датуми не помнни, но да, а ден пред настанот биле кај Велибор Манев.

– Тоа што го гледавме на снимките беше од вечерта пред убиството на Панче? – рече судијата.

– Да – одговори Кешишев, кој потврди дека приквечерта дошле со „кангуто“ кај Велибор во Велес, а престојувале во гаражата на Велибор, каде веќе биле Вељо и Боре. Потоа отишле да купат бензин.

Во гаражата се договарале како да пријдат до куќата и до Панче, но потоа тие отишле, а на Кешишев му рекле да стои и да чека на главниот пат.

– Се задржаа 30 до 40 минути – објасни Кешишев, а потоа заминале за Скопје. 

– Боре што направи? Дали дојде со вас? – запраша судијата.

– Не. Не знам што направил, веројатно си отишол дома. Тој е од Велес. Јас и Палчо се вративме во Скопје, но не знаеше во колку часот пристигнале во главниот град, било ноќе.

Сведочеше дека никогаш не бил кај Панче.

Опишувајќи што се случувало со Панче, Kешишев рече дека утрото околу 7 или 7.30 стигнале со Палчо во Велес. Тој му кажал да чека во „кангуто“ и тргнал пешки кон местото каде што биле договорени. Кешишев не се сеќава што имало во „кангуто“, затоа што  седел напред и не видел што има назад. Никој не бил маскиран.

– На снимките од пред домот на Велибор, вие носевте ранец? – праша судијата.

– Да, го зедов од „кангуто“ – одговори Кешишев.

– Дали во тој ранец претпоставувате дека бил пиштолот? – запраша судијата.

– Не знам, не го отворав ранецот. Додека не ми кажат, не пипам ништо – рече Кешишев.

– Врз основа на што тогаш претпоставивте дека во ранецот има пиштол?

– Така претпоставив, бидејќи ако го носеше пиштолот со себе, ќе се познаеше преку облеката – одговори Кешишев.

– Значи ли тоа дека знаевте дека Палеввски носи пиштол кога тргнавте кај Панче? – праша судијата, а Кешишев одговори дека не знаее додека ќе се случи тоа што се случи.

Раскажа дека откако Панче бил грабнат, заминале со возилото кон местото Рудник, а „кангуто“ го возел тој, до него седел Велибор Манев. Зад нив во „ситроенот“ биле Палчо и Боре. Палчо го возел „цитроенот“.

Местото Рудник е шума, зад шумата е селото, на 3 до 4 километри. Се паркирал над пунктот, Велибор излегол од „кангуто“ и продолжил со другите двајца со „цитроенот“. Од дупката биле оддалечени, околу 300 метри, дупката претходно ја копале Кешишев и Велибор Манев.

Останале таму 30 минути, а се слушанл истрел, но не толку силно, затоа што Кешишев бил далеку.

Потоа се вратиле со „ситроенот“, Вељо седнал до него на совозачкото седиште и му кажувал каде да вози.

– Се спуштивме на главниот автопат, ми кажуваше каде да свртам по стариот пат преку Катланово за Скопје. Стигнавме до првата населба Маџари. Велибор преку моторола се договори со Палчо каде да се паркираме. Имаше паркинг, се паркиравме, зад нас стигна Палчо во „ситроноет“ со Боре и го паркираа зад нас. Боре излезе од „ситроенот“, Палчо го избриша воланот од цитроенот со ВД 40, влезе во „кангуто“, до него седеше Вељо, а јас и Боре влеговме позади. Стигнавме до штабот, а „ситроенот“ остана на паркингот – објасни Кешишев.

Тој посочи дека не бил свесен за плановите кои воделе до убиството.

Во својот исказ, Кешишев истакна дека бил предупреден да молчи за случувањата, одговарајќи на прашањето зошто после убиството на Панче не се откажал.

-Првиот пат ме опомена Вељо кога ја завршивме дупката, дека „за ова не смее никој да знае, може и глави да летаат,“ сведочеше тој, додавајќи дека го сфатил тоа како закана.

Кешишев одговори потврдно на прашањето дали снимките што ги видовме во судот беа од моментот на грабнувањето.

Во однос на прашањето дали автомобилот Рено Кангу било чистено со WD40, одговори „не видов, мислам не“.

Според најавеното, по сослушувањето на Кешишев, треба да сведочат таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и Љупчо Палевски.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.