Кејт Мидлтон: Моден уредник на „Вог“ и стана стилист


Англија- Кејт, војвотката од Кембриџ има нов стилист. Тоа е Вирџинија Чедвик-Хејли (36) поранешен моден уредник во британски „Вог“.  Тие се и пријателки и заедно студирале на универзитетот „Св. Ендрјус“ на истите студии по историја на уметност. Чедвик била и гостинка на свадбата на Кејт со принцот Вилијам во 2011 година.

-„Џини е скриениот адут на кејт Мидлтон. Таа и помогна во изборот на гардероба за јавни настани и и даде ново чувство на самодоверба кога изгледот е во прашање. Војвотката беше импресионирана и благодарна за помошта, тврди британскиот печат.

Џини е исто така, претставничка на британската аристократија, ќерка на лордот СДтратхалмонд. Исто како и Кејт е мајка на две деца од по 2 години.

По 12 години како моден уредник во „Вог“  се откажа од кариерата заради семејството.

Војвотката Кејт е позната по едноставната, префинета елеганција и речиси не прави стилски гафови во протоколот за облекување.