Кејт Хадсон и Голди Хоун – ќерка и мајка во славните чевли на Стјуарт Вајцман
САД- Кејт Хадсон повторно се соединува со кралот на чевлите Стјуарт Вајцман за својата кампања за пролет 2022 година, заедно со специјален гостин: нејзината мајка, Голди Хоун.
Легендарните актерки позираа за брендот како дел од неговата кампања „Живеј го секој момент“, која ја слави радоста и оптимизмот од секојдневните моменти. Холивудското дуо, препознатлив по својот уникатен стил, позираше во чевли и сандали на Вајцман, сите на високи потпетици, за секоја пригода- од канцеларија до гала-настан.
Дизајнерот за чевли Стјуарт Вајцман во Холивуд го има статусот како Маноло Бланик и Кристијан Лабутан. Брендот е препознатлив по минималистичката промоција, и ангажира исклучиво убави и славни жени како Кендал Џенер и Џиџи Хадид.




