Казахстан: Се евакуираат 44.000 жители по експлозии во воена база
Владата на Казахстан нареди евакуација на градот Арис, со 44.000 жители по серијата експлозии во блиското складиште за муниција, соопшти Министерството за одбрана на земјата.
Експлозии чија причина не е позната се случија во воената база во Арис.
Министерството нагласува дека не е познато дали има жртви, додека локалните медиуми известуваат за 10 лица со повреди кои биле примени во болницата.