Категоријата за најдобар актер ќе биде највозбудлива на Оскарите


Категоријата ОСКАР за најдобар актер е исполнета со познати имиња оваа година, а изборот на номинирани помина претежно според очекувањата.

За наградата ќе се натпреваруваат:

Тимоте Шаламет за неговата улога во филмот „Марти Суприм“,

Леонардо Дикаприо („Една битка по друга“),

Итан Хок („Сина месечина“),

Мајкл Б. Џордан („Грешници“)

Вагнер Моура („Тајниот агент“).

 

Кој остана без номинација?

Меѓу актерите кои имаа добри перспективи, но на крајот не беа номинирани, се Џеси Племонс за неговата улога во филмот „Бугонија“ и Џоел Еџертон за „Воз соништа“. Сепак, вреди да се напомене дека двата филма добија номинација во категоријата за најдобар филм, што покажува дека Академијата го препозна нивниот квалитет како целина.