Најавен „Проект слобода“ за поголема контрола на моќта на социјалните мрежи


Милијардерот Френк Меккорт ќе инвестира 100 милиони долари во проект што би требало да го симне Фејсбук од престолот. Поранешниот со-сопственик на бејзбол-тимот Лос Анџелес доџерс го планира т.н. „Проект слобода“ (Рrојесt Lіbеrtу), којшто цели кон пазарот на социјалните мрежи. Идејата на милијардерот е да изгради јавно достапна база на податоци за социјални контакти, со, …

Најавен „Проект слобода“ за поголема контрола на моќта на социјалните мрежи Read More »

Алармантно предупредување на научниците за климата: Најлошото допрва доаѓа


Недостиг на вода, егзодус, потхранетост, изумирање на видовите… Животот на Земјата каков што го познаваме неизбежно ќе се преобрази со климатските промени кога децата родени во 2021 година ќе имаат 30 години или дури и порано, предупредува извештајот на Обединетите нации до кој дојде АФП. Извештајот осцилира меѓу апокалиптичен тон и надеж Нацрт-извештајот кој го …

Алармантно предупредување на научниците за климата: Најлошото допрва доаѓа Read More »

ЕУ: Од следната година задолжителна црна кутија во автомобилите


Од следната година, во сите нови автомобили во ЕУ ќе биде обврзна црна кутија, а од 2024 година ќе ја имаат сите возила регистрирани за првпат. Црна кутија е уред што треба да открие до најмалите детали се што се случило во секундите пред сообраќајната несреќа. Таканаречената црна кутија бележи дури 41 податок што помага …

ЕУ: Од следната година задолжителна црна кутија во автомобилите Read More »

Добивката и приходите на ТикТок двојно зголемени во 2020 година


Добивката и приходите на кинескиот сопственик ТикТок се дуплираа во 2020 година, потврдувајќи ја популарноста на апликацијата во пандемијата на коронавирусот. Вкупните приходи на Bytedance скокнаа за 111 отсто минатата година, на 34,3 милијарди долари, јави Би-Би-Си цитирајќи интерно писмо од раководството до работниците. Бруто добивката исто така се удвои, на 19 милијарди долари. Компанијата …

Добивката и приходите на ТикТок двојно зголемени во 2020 година Read More »

Кинеските „рудари“ на биткоин се селат во Тексас


По заострувањето на мерките за трговија со криптовалути во мај, се повеќе се зборува за нова локација што би била соодветна за преместување на голем број рудари на биткоин од Кина. Очигледно, дестинацијата е државата Тексас во САД. Благодарение на голем дел од електричната енергија што доаѓа од обновливи извори, американската држава Тексас може да …

Кинеските „рудари“ на биткоин се селат во Тексас Read More »

Судар на три „ферари“ – не се гледа често!


  Годишниот собир на суперспортски автомобили под назив „Supercar Show”, кој се одржуваше оваа недела во Филаделфија и пред својот почеток имаше три „жртви“. Иако полицијата настојуваше да обезбеди поминување на скапоцените автомобили, еден возач на „ферари“ одлучи да се поигра. Имено, возач на црн „ферари 488 GTB“ се залета со својот автомобил, а кога …

Судар на три „ферари“ – не се гледа често! Read More »

Измислен е тавански детектор за Ковид-19, за 15 минути открива дали некој е заразен


Британските научници измислија ненаметлив начин да се открие дали некој е заразен со корона вирус, односно тавански детектор кој за 15 минути може да открие дали некоје заразен. Сандеј тајмс пишува дека овој многу прецизен уред, нешто поголем од детектор за чад, може да послужи за скенирање во авионски кабини, училници, старечки домови и канцеларии. …

Измислен е тавански детектор за Ковид-19, за 15 минути открива дали некој е заразен Read More »

„Филипс“ повлекува дел од респираторите, можно е да предизвикуваат рак


Холандсскиот производител на медицинска опрема „Филипс“ во понеделникот објави дека ќе повлече дел од респираторите поради опасност од распѓањето на пената на ситни, токсични честички кои можат да предизвикаат рак. Пената се користи за пригушување на звукот на уредот, а може да се распадне на честички кои лесно се вдишуваат и ги надразнуваат дишните патишта, …

„Филипс“ повлекува дел од респираторите, можно е да предизвикуваат рак Read More »

Кои електромобили можат да поминат најмногу километри со полна батерија


Норвешкиот авто-клуб (НАФ) спроведе тест за мерење на автономијата на возење на неколку модели на електрични автомобили достапни на тој пазар, управувајќи ги сè додека не „згаснат“. Резултатите од тестот добиени во реалните услови на возење требаше да се споредат со официјалните податоци за радиусот на движење. Официјалните податоци инаку се добиваат врз основа на …

Кои електромобили можат да поминат најмногу километри со полна батерија Read More »

Над Гунагжу 60 дронови следат дали се почитуваат анти-ковид мерите во градот


„Флота“ од 60 беспилотни летала се над јужниот кинески град Гуангжу за да ги надгледуваат луѓето кои треба да остануваат дома и ги предупредуваат оние кои излегуваат надвор да носат маска. Дроновите управувани од полицијата се опремени со камери и звучници кои испраќаат порака дека најдобра заштита од инфекција е да не се излегува надвор. …

Над Гунагжу 60 дронови следат дали се почитуваат анти-ковид мерите во градот Read More »

Плати 28 милиони долари за лет во вселената со Безос


Местото во ракетата со милијардерот Џеф Безос продадено е во саботата на аукција за 28 милиони американски долари, со што заврши едномесечното наддавање за излет во вселената со „Блу ориџин“ идниот месец. Идентитетот на лицето кое го платило тој износ не е објавено. Наддавањето заврши седум минути по почетокот на аукцијата која е одржана по …

Плати 28 милиони долари за лет во вселената со Безос Read More »

(Фото) Скулптура од електронски отпад во облик на водачите на Г7 поставена спроти хотелот во кој се сместени


  Скулптура на лидерите од Г7 во облик на планината Рашмор во САД, од електронски отпад, поставена е во Корнвел пред самитот Г7. Наречена е „Маунт рисајклмор“ во обид да се нагласи штетата настаната од одлагање електронски уреди. Скулпторот Јо Раш рече дека се надева оти тоа ќе покажае дека електронскит еуреди треба да се …

(Фото) Скулптура од електронски отпад во облик на водачите на Г7 поставена спроти хотелот во кој се сместени Read More »

Хакери украдоа кодови во компанијата за видео-игри ЕА


Хакери ја нападнале компанијата за видео-игри Electronic Arts (EA) и украле вредни информации, потврдија од гигантот, јави Би-Би-Си. Кибер-криминалците успеале да украдат кодови на игри како FIFA21 и код на Frostbite што е основа за други проекти. Според британски медиуми, украдени се околу 780 GB податоци. ЕА тврдат дека податоците за играчите не биле погодени …

Хакери украдоа кодови во компанијата за видео-игри ЕА Read More »

Паднаа страниците на Си-ен-ен, Би-би-си, Њујорк тајмс, британската влада…


  Неколку веб-страници на познати медиумиски куќи во светот денеска, се паднати, како што се Њујорк тајмс, Би-би-си, Си-ен-ен. Исто така, паднаа и Твич, Редит, а на некои не им работи Твитер. Што се однесува на медиумите, проблеми имаат и Гардијан, Фајненшл тајмс, Индепендент, Блумберг. Истовремено, падна и страницата на британската влада. Фастли, кој нуди …

Паднаа страниците на Си-ен-ен, Би-би-си, Њујорк тајмс, британската влада… Read More »

Франција го казни Гугл со 220 милиони евра


Француската Агенција за заштита на конкуренцијата соопшти дека американската ИТ компанија Гугл неправедно ги упатувала компаниите кон своите услуги и ја дискриминирала конкуренцијата. Американскиот технолошки гигант Гугл е казнет со 220 милиони евра (267 милиони долари) во Франција за злоупотреба на пазарната позиција во индустријата за онлајн рекламирање. Гугл се согласи да ја плати казната …

Франција го казни Гугл со 220 милиони евра Read More »

Џеф Безос и неговиот брат ќе летаат во вселената на 20 јули


Основачот на Амазон, Џеф Безос следниот месец заедно со неговиот брат ќе лета во вселената, во првиот вселенски лет на неговата ракетна компанија „Блу Ориџин“ (Blue Origin), најави милијардерот. „Уште кога имав пет години, сонував да патувам во вселената и на 20 јули ќе тргнам на тоа патување со мојот брат“, објави Безос на Инстаграм. …

Џеф Безос и неговиот брат ќе летаат во вселената на 20 јули Read More »

„Анонимните“ му објавија војна на Маск заради биткоинот: „Ние сме легија. Очекувајте нè“


Група, која тврди дека е дел од движењето „Anonymous“, повика на војна со Елон Маск, обвинувајќи го основачот на Тесла за манипулирање со цените на криптовалутите, меѓу другите наводни гревови. „Можеби мислите дека сте најпаметната личност во собата, но сега наидовте на еднакви на себе“, порача групата во видео порака објавена во саботата на проверениот …

„Анонимните“ му објавија војна на Маск заради биткоинот: „Ние сме легија. Очекувајте нè“ Read More »

„Фиат“ ќе произведува само електрични автомобили


Дo крајот на оваа деценија „Фиат“ ќе произведува само електрични модели автомобили, потврди извршниот директор Оливие Франсоа. „Го истражуваме подрачјето на одржлива мобилност за се: ова е нашиот најголем проект. Меѓу 2025 и 2030 година нашата линија производи постепено ќе станува само електрична. Тоа ќе биде радикална промена за „Фиат““, наведе Франсоа во соопштението. Неговото …

„Фиат“ ќе произведува само електрични автомобили Read More »

Гејтс и Бафет градат нов тип нуклеарна постројка вредна милијарда долари


Енергетските компании управувани од милијардерите и пријатели, Бил Гејтс и Ворен Бафет, ја избраа американската држава Вајоминг за почеток на првиот проект за нов нуклеарен реактор „Натриум“. TeraPower, основана од Гејтс пред 15 години, и компанијата за електрична енергија PacificEcorp, сопственост на инвестицискиот фонд на Бафет, Беркшир Хатавеј, во средата соопштија дека точната локација на …

Гејтс и Бафет градат нов тип нуклеарна постројка вредна милијарда долари Read More »

Над 97 проценти од граѓаните на социјалните медиуми пристапуваат од мобилен


Граѓаните на интернет најчесто пристапуваат преку своите мобилни телефони, а најпосетувани страници се Гугл и ЈуТјуб. Околу 57,6 проценти од населението во Северна Македонија или 1,2 милиони граѓани во 2020 година активно ги користеле социјалните медиуми. Најголемиот дел од нив 97,2 проценти за пристапување на социјалните медиуми ги користеле своите мобилни телефони, покажуваат податоците на …

Над 97 проценти од граѓаните на социјалните медиуми пристапуваат од мобилен Read More »