Кои се Илја и Хедер, брачната двојка на која им се закануваат 20 години затвор поради кражба на криптовалути


Брачната двојка Илја Лихтенштајн (34) и Хедер Морган (31) беа уапсени и обвинети за обид за перење пари кои биле украдени за време на големо хакирање на берзата за криптовалути Bitfinex во 2016 година. Станува збор за дело од 120.000 биткоини украдени во август 2016 година. Во тоа време, украдената сума била вредна околу 72 […]

Со фузија произведено рекордно количество енергија


  Научниците денеска произведоа рекордна количина на енергија преку нуклеарна фузија, што може да биде пресвртница во борбата против климатските промени. Истражувачите од експериментот Joint European Torus (JET) во Оксфордшир произведоа топлина од 59 мегаџули за пет секунди, што е еквивалентно на 14 килограми ТНТ. Претходниот рекорд беше во 1997 година, кога беше произведена топлина […]

Гугл го менува логото на „Хром“


Технолошкиот гигант Гугл соопшти дека компанијата одлучила да го промени знакчето на својот пребарувач „Хром“. Според Елвин Ху – дизајнерот на „Гугл Хром“, иконата на прелистувачот е поедноставена без светли сенки, пофини пропорции и посветли бои во хармонија со помодерниот стил на брендот. „Да! Го освежуваме знакот, првпат по осум години“, напиша Елвин Ху на […]

Најпознатиот скопски јутјубер Марко-GP се збогуваше со фановите


Најуспешниот македонски јутјубер Марко Марковиќ, познат под псевдонимот GP, се збогуваше со фановите. Како што соопшти тој самиот, време е за ново поглавје од неговиот живот. 22-годишниот скопјанец реши дека е време да стави крај на неговата кариера на Јутјуб и да се посвети на програмирањето за што и студира. GP е ултра познат меѓу […]

Јапонија пролетва може да има лек за корона вирус


Јапонскиот премиер Фумио Кишида рече дека вчладата разгледува можност да даде условено, рано одобрение за ковид-апчиња развиени од фирмата „Шионоги“. Ако клиничките испитувања ја потврдат сигурноста и делотворноста на лекот, „би сакале тоа веднаш да го разгледаме“, рече Кишида на состанокот на парламентарниот одбор кој се пренесуваше на телевизија. „Шиноги“ одвоено објави нови резултати од […]

„Мазда“ затвори две фабрики во Јапонија


Јапонскиот производител на автомобили „Мазда“ одлучи да го прекине производството во две свои фабрики во Јапонија поради проблеми со снабдувањето со делови. Работата прекинува на 7. и 8 февруари, како што се наведува во соопштението објавено на интернет-страницата на автомобилскиот гигант. Не е познато дали затворањето ќе влијае на целокупниот обем на производство на Мазда. […]

НАСА планира да ја сруши Меѓународната вселенска станица во Тихиот Океан


НАСА има намера да ја одржи во функција Меѓународната вселенска станица (ИСС) до крајот на 2030 година, по што планира да ја сруши во зафрлен дел од Тихиот Океан познат како Поинт Немо. Работата на склопување на станицата во вселената започнала во 1998 година, а од 2000 година таму престојуваат астронаути и спроведуваат научни истражувања. […]

„Спејс-Икс“ постави американски шпионски сателит во земјината орбита


 Ракета „Фалкон 9“ на американската приватна компанија „Спејс-Икс“ вчера лансираше сателит во земјината орбита што ќе биде во служба на американските вселенски сили, соопшти Националната канцеларија за извидување (НРО) задолжена за изградба и управување со американската воена сателитска мрежа. „Ракетата со сателитот ’НРОЛ-87‘ полета во 12.27 часот по локално време (21.27 часот по средноевропско време) […]

Новите таблети „Самсунг галакси“ во Европа ќе чинат меѓу 749 и 1.699 евра


За новите таблети на „Самсунг“ од семејството „Галакси таб С8“ веќе е познато дека ќе им бидат достапни и на корисниците во Европа. Преднарачките за новите модели се отворени и некои цени се објавени. Така, најскапиот модел во Франција чини 1.699 евра и доаѓа со 16 гигабајти РАМ и 512 ГБ внатрешна меморија. Уредот се […]

Нестле ќе им плаќа на земјоделците во Африка децата да одат на училиште место да собираат какао


Пред речиси две децении, големите компании ветија дека ќе престанат да користат какао што го собираат децата, но не успеаја да преземат значајни чекори. Производителите на чоколада се соочуваат со зголемен притисок од инвеститорите, потрошувачите и владите да се осигураат дека зрната какао не се произведуваат со детски труд во Западна Африка. Сепак, најголемиот дел […]

Стриминг платформата „Дизни+“ од летово ќе биде достапна и во Македонија


Стриминг платформата „Дизни+“ потврди дека ова лето ќе ги прошири услугите ширум Европа, Африка и Западна Африка, односно во 42 земји, меѓу кои и Македонија, како и на 11 територии. Освен во Македонија, „Дизни+“ ќе биде достапна и во земјите од регионот како Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово и Србија. Медиумите наведуваат дека не се […]

Британски научници развиваат лек против рак без отровни хемикалии


  Британски научници развиле нов алат со кој ги искористуваат клетките кои ги уништуваат туморите за брза и ефикасна борба против ракот. Новата студија покажа драматично намалување на туморите кај глувците во споредба со традиционалните методи за клеточна терапија кои ги подобруваат способностите на имуниот систем во борбата против ракот. Со новиот уред, кој може […]

Во нашата галаксија е откриен непознат ротирачки објект, пулсира и многу е чуден


Австралиските научници тврдат дека откриле непознат ротирачки објект во нашата галаксија и истакнуваат дека тоа е нешто што досега не е видено. Објектот, кој прв го откри студент од австралискиот универзитет Куртин, е специфичен по тоа што емитува огромно количество енергија во радио делот од електромагнетниот спектар на секои 18 минути. Според Би-Би-Си, во вселената […]

Ракета Фалкон 9 на Елон Маск ќе удри во Месечината и ќе експлодира


Ракета Фалкон 9, која во 2015 година беше лансирана од „Спејс икс“, ќе удри во Месечината и ќе експлодира. Станува збор за ракетата Фалкон 9 која успешно ја изврши својата мисија, но немаше доволно гориво да се врати кон Земјата, па остана во вселената. Астрономот Џонатан Мекдавел за Би-би-си изјави дека ова ќе биде прв […]

„Тегнењето јаже“ меѓу Земјата, Месечината и Сонцето може да предизвика движења на тектонските плочи


Тектонските плочи кои ја сочинуваат цврстата обвивка на Земјата секогаш се движат, влијаејќи на животот на нашата планета на различни начини. Овие огромни плочи можеби се движат бавно, но создаваат многу од уникатните топографски карактеристики на Земјата како што се планини, бездни, поединечни острови, архипелази и океански ровови – сето тоа на континентално ниво. Гравитационите […]

Станува ли возењето со електричен автомобил поскапо отколку со дизел


До пред неколку месеци, еден од мотивите за купување електрични автомобили беа три до четири пати помалите трошоци за возење. Сепак, драстичниот скок на цената на струјата ја прави употребата на „дизелот“ поевтина и за една третина во споредба со помодерната конкуренција. Така, купувачот на електричниот автомобил се нашол во ситуација новото возило не само […]

Полски научници измислија звучен топ против смог


  Во борбата против непрекинатиот смог во полска, научниците тестираат нов топ кој користи свучни бранови за да ги поттурне отровните честички во атмосферата за да им овозможи на жителите да вдишуваат поквалитетен воздух. Сакаат со звук да го разбијат смогот Поставен на врвот на метален контејнер, експерименталниот уред се состои од голем наопаку превртен […]

Добила „спам“ за освоени милиони – и навистина добила три милиони долари


Електронското сандаче, посебно папката за „спам“ вообичаено е полна со пораки кои ветуваат незамисливи богатства, коишто за жал се „премногу добри“ за да бидат вистинити. Една Американка, сепак, еднаш решила да го провери овој тн. „спам“… Лора Спирс од округот Окленд, Мичиген, САД, купила билет за „Мега милиони“. Со комбинација од пет броеви, жената се […]

Боинг ќе инвестира во развојот на автономните летечки такси Виск


„Боинг“ ќе инвестира дополнителни 450 милиони долари во „Виск“, компанија која се занимава со развој на автономни летечки такси.   „Виск“, основана од „Боинг“ и компанија што ја покрена коосновачот на Гугл, Лери Пејџ, а се занимава со Кити Хок, еден од десетината производители на електрични авиони за вертикално полетување и слетување (eVTOL), се разликува […]

„Панасоник“ инвестира 700 милиони долари во производство на батерии за „Тесла“


Јапонската компанија „Панасоник“ ќе започне со производство на нови литиум-јонски батерии наменети за „Тесла“ веќе во 2023 година, планирајќи да инвестира околу 80 милијарди јени (705 милиони долари) во фабрики во Јапонија, објави денеска јапонскиот бизнис портал Никеи.   Литиум-јонските батерии за полнење би можеле да помогнат електричните возила (ЕВ) да бидат попривлечни за возачите […]