Револуционерна машина што одгледува кожа за лица со изгореници (видео)


Парче кожа со големина на никел (монета од 5 центи), кога ќе се стави во револуционерна швајцарска машина за биоинженеринг, може да создаде кожен пресадок со големина на капак на шахта.

Ниту целосно вистинска, ниту тотално вештачка, новата машина со големина на масичка за кафе овозможува да се растегне кожата во многу поголеми пропорции, во обид да им помогне на милиони луѓе кои страдаат од исцрпувачки повреди од изгореници што може да доведат до смрт.

Земајќи здрави, неоштетени кожни клетки од кожата од жртвата, постапката започнува со нивно „одгледување“ во лабораторија пред да ги комбинирате со хидрогел. Добиената кожа со деелина од 1 мм отрпилика е со комбинирана широчина на нашите природни слоеви на кожата.

Технологијата се нарекува denovoGraft и веќе се користи за лекување на луѓе, иако неодамна завршија испитувањата во фаза II. Тоа е затоа што за неколку одбрани луѓе, овој метод на изработка на кожа е толку напреднат, што е единствената постоечка опција во светот за нивната состојба, поради ретка болест или значително изгорување.

„Во моментот можеме да ја помножиме површината на оригиналниот примерок со фактор 100 и целиме на крајот на фактор 500“, вели Даниела Марино, ко-основач и директор на CUTISS за развој на denovoGraft.

Швајцарските медиуми известуваат дека 11 милиони луѓе ширум светот страдаат од сериозни изгореници секоја година, а подостапна опција за третман може да го подготви теренот до точка каде што земјите во развој и во воените зони ќе можат да добијат траанспланти. Машината denovoGraft може да направи неколку транспланти истовремено, што овозможував драматично да ги намали и времето на производство и трошоците.

Иако пазарот за реконструкција на кожата во случај на лузни или изгореници се проценува на нешто помалку од 2 милијарди долари, во одделот се вработени само околу 40 лица со полно работно време.

„Во Европа постојат 20 центри за извонредност за лекување на сериозни изгореници“, изјави Марино за швајцарските медиуми. „Во почеток ќе започнеме соработка со нив,  а можеме да го правиме тоа и сами. Подоцна, сигурно, ќе мора да најдеме партнери“.

Марино очекува да се завршат испитувањата во фаза III некаде по 2023 година, по што постапката првично ќе биде достапна главно во Европа.