НАСА објави фотографии од Јупитер снимени од телескопот Џејмс Веб


Американската Национална аеронаутичко-вселенска управа (НАСА) првпат објави сет фотографии во боја од својот вселенскиот телескоп Џејмс Веб. Меѓу објавените фотографии и документи има и две целосно нови фотографии од Јупитер. На фотографиите се гледаат прстените на Јупитер, како и неговите три месечини – Европа, Теба и Метис. НАСА избра девет цели за тестирањето на способностите […]

Европски држави со најмногу автомобили по жител, Македонија на 29-то место


Луксембург е земјата каде на 1.000 жители има најмногу автомобили во Европа. Британскиот осигурителен портал “Confused.com”,  обработи податоци на Еуростат за 2019-та година и направи листа на европски земји по број на автомобили на 1.000 жители. Очекувано, земјата со најголем сооднос на бројот на автомобили во однос на населението е Луксембург, една од најбогатите светски […]

Ракетата „супер хеви“ повторно експлодира при тестирањето: Што вели Маск?


„Спејс икс“ долго се подготвува за прв орбитален лет со „старшип“, но тој значаен чекор повторно може да биде одложен. Бустерот „супер хеви“ дизајниран за „старшип“ експлодира на постројката на компанијата „Спејс икс“ која се наоѓа на Бок Чика во Тексас, а снимката од инцидентот се појави на социјалните мрежи. Бустерот се запали додека компанијата […]

Гроздот галаксии прикажан на првата фотографија на телескопот „Џејмс Веб“


Националната аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) синоќа во Белата куќа ја претстави првата фотографија снимена со вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ за кој се смета дека ќе го промени начинот на кој луѓето ја гледаат вселената. Американскиот претседател Џо Бајден го објави откритието – најдлабокиот поглед на вселената досега фатен со камера. Фотографијата покажува дел од […]

„Твитер“ соопшти дека не прекршил ниту една од своите обврски од купопродажниот договор со Маск


„Твитер“ соопшти дека не прекршил ниту една од своите обврски од договорот за преземање со извршниот директор на „Тесла“ и на „Спејс Икс“, Илон Маск, кој се откажа од купувањето. Маск во петокот објави дека се откажува од намерата да ја купи компанијата за 44 милијарди долари, тврдејќи дека „Твитер“ не открил важни информации, како […]

Во Пацификот најден радиоактивен седимент – тоа е почеток на антропоцен


Антропоцен е името што некои научници го користат за именување на моменталната геолошка епоха. Според научниците, оваа епоха започнала кога луѓето почнале да имаат значајно влијание врз геологијата и екосистемите на Земјата. Се побрзиот раст на емисии на јаглерод диоксид, раст на нивото на морињата, глобалните масовни изумирања, уништувањето на живеалиштата и урбанизацијата се карактеристични […]

Пронајдок наговестува зошто тираносаурус рекс имал куси раце


  Тим научници во Аргентина наведува дека откриле нов џиновски диносаурус предатор кој имал огримна глава, но мали раце за својата големина. Во текстот во магазинот „Current Biology“, наушниците наведуваат дека екстензивните остатоци од скелетот се од досега непознат вид, а ископани се во Патагонија. Мераксес гигас бил висок 11 метри, со глава од 1,2 […]

Астронаутите од кинеската мисија „Шенџу-14“ спроведуваат научни експерименти во орбитата


 Вселенската агенција на Кина за истражувања со посада објави видео-снимки од вселената, на кои се гледа дека основниот модул на кинеската вселенска станица е полн со истражувачка опрема за експерименти во орбитата. Кинеската вселенска станица е дизајнирана да биде сестрана вселенска лабораторија, со можност да опслужува 25 експериментални кабинети за научни истражувања. Експериментите во орбитата […]

Фински научници создадоа и инсталираа прва песочна батерија во светот


Научници во Финска ја создадоа и инсталираа првата функционална „песочна батерија“ во светот, уред способен да складира зелена енергија со месеци и, потенцијално, да го реши проблемот со енергијата во различни периоди од годината. „Песочната батерија“ работи така што се полни со евтина струја од ветерни и сончеви електрани, ја складира добиената енергија во песок […]

Откриена озонска дупка седум пати поголема од онаа над Антарктикот


Најновото истражување потврди дека озонската дупка се наоѓа над тропските предели уште од 80-тите години на XX век, а се проценува дека во иднина секој втор жител ќе ги почувствува последиците. Истражувачкиот тим од Универзитетот во Ватерло во Онтарио, предводен од професорот Чин Бин Лу, откри голема озонска дупка, за која постои сомневање дека е […]

Во ЦЕРН откриени три нови егзотични субатомски честички


  Научниците во Големиот хадронски судирач (LHC) пронајдоа три досега непознати субатомски честички, објави Европската организација за нуклеарни истражувања ЦЕРН. LHC е 27 км долг кружен тунел во кој се забрзуваат и судираат субатомските честички за да се испитаат нивните својства и да се откријат нови. Во LHC е пронајден и Хигсовиот бозон, кој се […]

МИТ планира Земјата да ја стави под „чадор“ заради ладење


Институтот за технологија Масачусетс (MIT) предложи радикална метода за борба против ефектот од климатските промени. Тим истражувачи предлагаат користење флота „вселенски меурчиња“ кои би ја рефлектирале сончевата светлина од Земјата. Колку и да звучи оваа идеја неверојатно, факт е дека не би имало потреба од неа ако луѓето драстично го намалеа користењето на фосилни горива […]

Рекордно производство на „Тесла“


Компанијата „Тесла“ вчера објави дека во јуни го достигнала највисокото ниво на производство во историјата, иако вкупно во првиот квартал е намалено за 15,3 отсто на 258.580 возила. Во исто време, испорачани се 254.695 возила и покрај проблемите со синџирот на снабдување и затворањето на фабриките. Затворањето во Шангај поради Ковид-19 предизвика пад на испораките […]

Елон Маск ги однесе четирите сина на средба со папата (фото)


  Милијардерот Елон Маск, сосопственик на американскиот производител на автомобили „Тесла“, објави фотографија со папата Франциск на која се наоѓаат и неговите четири сина. Маск напиша дека е почестен што го запознал папата. Honored to meet @Pontifex yesterday pic.twitter.com/sLZY8mAQtd — Elon Musk (@elonmusk) July 2, 2022 Извршниот директор на „Тесла“ и на „Спејс икс“ не […]

Гугл ќе ја брише историјата на локација на оние кои ги посетуваат клиниките за абортус


Гугл на Алфабет Инк ќе ги избрише податоците за локацијата на посетителите на клиниките за абортус поради стравувањата дека дигиталниот отпечаток од прст би можел да ја информира американската полиција за нелегални абортуси, објави гигантот за пребарување на интернет. Државните закони кои го ограничуваат абортусот стапија на сила откако Врховниот суд на САД минатиот месец […]

Мапирани 25 отсто од морското дно, целосно до 2030 година


Како дел од иницијативата Seabed 2030 (Морско дно 2030), досега е мапирано речиси 25% од морското дно на Земјата. Поточно, проектот за мапирање во моментов е на 23,4%, но целта на иницијативата е работата на мапирањето на морското дно да се заврши до 2030 година, односно за помалку од 8 години. Проектот е дел од […]

Нова технологија на снимање јасно го покажа изворот на долг Ковид во белите дробови


Иако вакцините против Ковид-19 спасија милиони луѓе во светот, речиси секој десетти кој преболе корона вирус уште има симптоми по поминувањето на првата инфекција. Пациентите со долг Ковид пријавуваат запрепастувачка бројка од преку 200 симптоми, меѓу кои вртоглавици, дијареа, недостиг на здив и умор, кои траат со месеци и години. „Фрустрирачки е што пациентите со […]

Во Хрватска поставен прв полнач за електрични возила сместен на столб за осветлување


Во Бузин, место во Хрватска во непосредна близина на Загреб, вчера беше поставен првиот полнач за електрични возила на столб за јавно осветлување. Станува збор за тест полнач кој како дел од најавениот пилот-проект што треба да се реализира следната година во три до пет градови, ќе биде поставен на околу 200 столбови во еден […]

Колапс на автоиндустријата во Русија


Производството на автомобили во Русија доживеа колапс откако големите произведувачи на автомобили ја напуштија земјата, а западните влади воведоа санкции за Русија како одмазда за нејзината инвазија на Украина. Русија во мај произведе 3.700 авотмобили, 97 отсто помалку од истиот месец лани, објави државната агенција за статистика Росстат. Производството вариваше од 95.000 автомобили во јануари […]

Фејсбук тестира нови функции кои ќе ги олеснат дискусиите


Мета најави неколку нови функции, кои се тестираат на Facebook. Двете карактеристики се дизајнирани да го зголемат ангажманот во различни формати, особено кога станува збор за истакнати групи луѓе. Во подготовка се две опции, нова странична лента за Facebook Groups и механизам за канали за поголем фокус на дискусиите. Кога станува збор за ново поле […]