Периодот поминат во играње видеоигри не влијае на чувството на среќа


  Истражувањето спроведено на повеќе од 39.000 испитаниви кои играат компјутерски игри покажа дека речиси и да нема докази оти времето поминато пред компјутер влијае на чувството на среќа и задоволство. Некој би морал да игра по 10 часа дневно повеќе од инаку за да забележи каква и да е разлика, со тоа дека веројатно […]

Во Ангола ископан розов дијамант, најголем во последните 300 години


Рударите во Ангола, ископаа розов дијамант за кој се верува дека е најголем пронајден во последните 300 години. Австралискиот оператор на наоѓалиштето во Ангола наведе дека розовиот дијамант од 170 карати наречен е Луло роуз. Дијамантот е пронајден во рудникот Луло на североистокот на земјата кој е богат со дијаманти и е еден од најголемите […]

Вселенското ѓубре на Кина повторно и се заканува на Земјата


За време на викендот, Кина лансираше нова ракета Long March 5B која носи нов модул за кинеската вселенска станица Тиангонг. Модулот Wentian содржи научна опрема за спроведување на експерименти во вселената и простор за престој на астронаутите. Тој се приклучи на модулот Tainhe кој беше лансиран минатата година, а до крајот на оваа година кинезите […]

ЕСА објави нови фотографии од Марс


Орбитерот „Марс експрес“ којшто ѝ припаѓа на Европската вселенска агенција (ЕСА) објави нови фотографии од Марс. Сателитот орбитира околу Марс од 2003 година, а во април испрати фотографии од огромната рамнина Утопија Планитија, која се наоѓа во поголемата област Утопија – на северната полутопка на „Црвената Планета“. Рамнината е двојно поголема од Земјината пустина Сахара […]

Робот му скрши прст на момче на шаховски турнир во Москва


На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како роботот го зема прстот на момчето и го крши, а четири лица трчаат да му помогнат. Роботот програмиран да игра шах, во текот на шаховската партија на Отвореното првенство во Москва, му скршил прст на момче кое му било противник, јавуваат британските медиуми. Ова го потврди […]

Милијардерот Сергеј Брин се разведува поради Илон Маск


  САД – Илон Маск наводно имал секс-афера со Никол Шанахан, сопругата на со-основачот на „Гугл“, Сергеј Брин, кој поднел и барање за развод уште во јануари, објави „Волстри журнал“, повикувајќи се на неименувани извори. Не е јасно колку долго траела романсата, но наводно се случила истиот месец кога Маск имал девојче со својата поранешна девојка […]

Како се судираат две мртви Сонца


Астрономите за првпат во историјата успеаја да детектираат судир меѓу две неутронски ѕвезди, односно мртви сонца со помош на нов телескоп, јавува „Би-Би-Си“. Според астрономите, неутронските ѕвезди се клучни за разбирање на вселената. Всушност тоа се големи, тешки ѕвезди од кои само делче големо колку мала лажичка за чај тежи четири билиони тони. Неутронските ѕвезди […]

Помалку камери на телефоните од следната година?


„Samsung“ обично ги опремува своите телефони од средна класа со три или четири камери. Сепак, почнувајќи од следната година, моделите од средната класа на јужнокорејската компанија би можеле да имаат една камера помалку. Според извештаите на медиумите од Кореја, „Samsung“ одлучил да ги отстрани камерите со сензори за длабочина од своите телефони од средната класа. […]

„Џејмс Веб“ ја виде досега најстарата позната галаксија во универзумот


Со помош на телескопот Џејмс Веб (JWST) НАСА лоцираше галаксија стара 13,5 милијарди години, која сега е најстарата позната галаксија во универзумот видена од човечки очи. Галаксијата наречена GLASS-z13 (GN-z13), настанала само 300 милиони години по Големата експлозија што се случила пред 13,8 милијарди години. Претходниот рекордер, откриен од телескопот Хабл во 2015 година, беше […]

Апликацијата „Google Pay“ станува „Wallet“ и станува вистински паричник (Видео)


Покрај банкарските картички, сега можете да складирате многу повеќе дигитални пропусници, Ковид-сертификати, дигитални клучеви од автомобил во „Wallet“… Од денес, апликацијата „Pay“ се претвора во „Wallet“ за секого. „Google“ објави дека неговата апликација „Pay“ станува „Google Wallet“, дигитален паричник, кој поддржува нови дигитални ставки почнувајќи од четврток. Исто така, „Google Wallet“ овозможува лесна интеграција со […]

Најдоа чудна фаза на материјата која постои во две временски димензии


Научниците во квантен компјутер, откако пулсираа со светлосни зраци по неговите кубити, според образец инспириран со низата на Фибоначи, воочија нова фаза на материјата. Иако и самиот тој факт звучи интересно, уште пофасцинантно е што овој чуден хир на квантната механика се однесува како да има две временски димензии, место една. Научниците наведуваат дека оваа […]

Откриена егзотична црна дупка


Астрономите во галаксијата која се граничи со нашиот Млечен пат забележаа космичка „игла во пласт сено“ – „заспана“, односно неактивна црна дупка чие настанување, како што се чини, не е резултат на експлозија на ѕвезда што умира. Научниците појаснуваат дека оваа црна дупка се разликува од досегашните познати црни дупки по тоа што не емитира […]

„Епл“ нуди два милиони долари ако успеете да го хакирате iOS 16


  Новата верзија на платформата iOS пристигнува со безбедносен режим, за кој Apple тврди дека е непробоен. Apple претстави нова функција за време на овогодинешниот WWDC, наречена Lockdown Mode. Функцијата пристигнува со системот iOS 16, а е наменета за борба против малициозен софтвер. Компанијата сега соопшти дека ќе понуди награда од два милиони долари, за […]

Земјата утре директно ќе биде погодена од соларна бура


Американска научничка предвидува дека во текот на утрешниот ден Земјата ќе биде директно погодена од соларна бура. Според д-р Тамита Сков, нашата планета ќе биде директно погодена од соларна бура во текот на утрешниот ден. Преку социјалните мрежи таа ја соопшти оваа вест покрај видео модел на предвидување на НАСА. Direct Hit! A snake-like filament […]

Гугл повторно казнет во Русија


  Русија– Московски суд денеска ја казни компанијата Гугл со повеќе од 374 милиони долари поради „системски пропуст да отстрани забранети информации“. Роскомнадзор, руската Федерална служба за надзор во областа на комуникациите, информатичките технологии и медиумите, испрати 17 барања до Гугл да ги отстрани од Јутјуб содржината за конфликтите во Украина кои Москва ги смета за невистинити. […]

НАСА и Роскосмос се договорија за „делење седишта“ за вселенски летови


САД и Русија постигнаа договор за меѓусебно прелетување на вселенските превозници до Меѓународната вселенска станица (ISS). Пробивот доаѓа по неколкумесечни тензии и неизвесност околу заедничките вселенски активности во пресрет на тековниот конфликт во Украина. И руската вселенска агенција Роскосмос и нејзиниот американски колега, НАСА, во петокот потврдија дека се договориле за таканаречените „интегрирани летови“. Крајната […]

НАСА снимила бизарен заплеткан објект на Марс и не понуди објаснување што е тоа


Нова бизарна снимка пристигнува од Црвената планета. Камерата на роверот Perseverance на НАСА сними предмет на земја кој изгледа како заплеткана врвка или шпагети. Фотографијата е направена од една од предните камери за избегнување опасности на роверот, која го следи пејзажот за да го заштити роверот додека вози или ја користи својата роботска рака. Сепак, […]

На 22.000 светлосни години од Земјата, снимен е објект кој има неверојатна магнетна сила


Далеку во Млечниот Пат, на околу 22.000 светлосни години од Земјата, далеку во нашата галаксија, една ѕвезда беснее со магнетна сила која надминува сè што научниците некогаш виделе. Со огромни 1,6 милијарди Тесла, пулсарот наречен Swift J0243.6+6124 ги урива претходните рекорди од околу 1 милијарда Тесла, откриени околу пулсарите GRO J1008-57 и 1A 0535+262. Ставено […]

Десетици илјади корисници без пристап до Твитер


Најмалку десетици илјади корисници низ светот попладнево не можеа да се вклучат на социјалната мрежа Твитер, јави Скај њуз. При обид да се вклучат, страницата покажуваше знак за грешка и бараше од корисниците да се обидат повторно. Ова е прв голем прекин на Твитер по проблемите во САД во февруари поради техничка грешка. На 4 […]

ТикТок ќе отстрани некои клипови од фидот на тинејџерите


Во февруари годинава ТикТок објави дека работи на нови начини за ограничување на одредени видови содржини врз основа на возраста на корисникот и со тоа подобрување на безбедноста на тинејџерите, а сега се познати повеќе информации за системот за оценување. Станува збор за систем наречен Content Levels, кој ќе биде имплементиран во следните неколку недели. […]