Гринпис: Загадената вода од Фукушима ако се исфрли во Пацификот може да и наштети на човековата ДНК


Загадената вода, за која се вели дека ќе биде испуштена во океанот од уништената нуклеарна централа Фукушима, содржи радиоактивна супстанција што има потенцијал да ја оштети човечката ДНК. Ова е наведено во истрагата на меѓународната организација за заштита на Гринпис. Организацијата тврди дека 1,23 милиони тони вода складирани во повеќе од 1.000 резервоари во централата […]

И косата паѓа од корона вирусот


Јапонски научници анализирале состојба на пациенти кои се опоравувале од Ковид-19, кои биле лекувани во болници. Една од последиците на болеста предизвикана од нвиот коронавирус  е опаѓање на косата, како и со месеци  отежнато дишење и чувство на слабост, открија научниците од Националниот центар за глобално здравје и медицина во Токио, јави телевизискиот канал НХК. […]

Зимска прогноза на „Акуведер“: Во Европа ќе има повеќе бури – Балканот нема да биде одминат


Светски познатата метеоролошка служба „Акуведер“ (AccuWeather) објави голема сезонска прогноза за Европа. Веднаш на почетокот на прогнозата, се наведува дека земјите во Европа доживуваат нов бран на коронавирус, што предизвика нови ограничувања кои стапуваат на сила само неколку недели пред почетокот на зимата. „Иако е неизвесно како ќе се развива пандемијата во наредните месеци, тимот […]

Компанијата Круз најави нов автомобил без волан


Американската компанија Круз објави дека, во соработка со својот мнозински сопственик – корпорацијата Џенерал моторс, ќе побара одобрение од надлежните институции за производство на ограничен број возила без волан и контролни педали. Револуционерно возило на Круз, наречено Ориџин, кое беше прикажано пред јавноста во јануари, нема ни волан, ниту педали, туку само две широки седишта, […]

Тројцата космонаути од Меѓународната вселенска станица безбедно се вратија на Земјата


По шестмесечната мисија на Меѓународната вселенска станица тројца космонаути безбедно се вратија на Земјата. Космонаутот на НАСА, Крис Касиди и космонаутите на Роскосмос, Анатолиј Иванишин и Иван Вагнер слетаа во степина на Казахстан, југоисточно од Жесказган. По медицинскио преглед тројцата космонаути со хеликоптер ќе бидат префрлени до Жесказган, од каде ќе заминат дома. Касиди, Иванишин […]

„Пејпал“ воведува услуга за плаќање со криптовалути


Американската компанија за дигитално плаќање PayPal Holdings соопшти денеска дека на клиентите ќе им понуди услуга за купување, продавање и држење биткоин и други виртуелни пари што ќе можат да ги користат за плаќање во продавниците. Сопствениците на сметки во САД ќе можат да купуваат, продаваат и држат криптовалути во своите паричници во PayPal веќе […]

Откриени повеќе од 80 мутации на новиот коронавирус


Рускиот државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“ откри повеќе од 80 мутации на коронавирусот, изјави денеска генералниот директор на тој центар, Ринат Маскјутов. Тој истакна дека овие мутации не влијаат на ефикасноста на развиената вакцина, пренесува ТАС С. – Центарот Вектор дополнително спроведува обемни студии за генетската варијабилност на новиот коронавирус во сите […]

Короната демне и во супермаркетите, примероци од жив вирус пронајдени во замрзнувач, една храна особено опасна!


Досега се сметаше дека вирусот не може да преживее во овие услови, но преживеа! Кинескиот центар за контрола и превенција на болести објави дека на амбалажата замрзната храна се пронајдени живи примероци од вирусот корона! Досега се веруваше дека вирусот корона не може да преживее од смрзнување, а сега се пронајдени живи примероци на пакувањето […]

Омилениот џемпер ви се собра?: Трикови со кои повторно ќе ви биде како нов


Трикови кои се спас за џемперот што се намалил или има дупки! Со доаѓањето на постудените денови, од плакарот извлекуваме топли, волнени џемпери, од кои нема по пријатни сојузници во текот на зимата. Но, честопати ќе сфатиме дека во меѓувреме тие „добиле“ дупки од молци, дека не сме им ги отстраниле „истрошените“ грутки влакна или […]

НАСА зеде примерок од астероидот Бен


Вселенското летало Озирис-Рекс на НАСА слета на површината на астероидот Бен и зема примерок од карпата што доаѓа од почетокот на нашиот Сончев Систем. Механичката рака на сондата, долга 3,35 метри, зеде неколку камења од подрачјето околу северниот пол на астероидот. Бен, чиешто тело е во облик на желад, се создал на почетокот на Сончевиот […]

Научници пронајдоа нов орган во грлото


  Научници пронајдоа нов орган во грлото на човекот додека спроведувале истражување за рак на простата. Порано стручњаците мислеа дека само микроскопски плунковни жлезди има во назофаринксот зад носот, но истражувачите на холандскиот институт за рак открија нов сет плунковни жлезди со должина од речиси 2 сантиметри. Новооткриентие жлезди ги нарекоа тубарни, заради нивната положба […]

Велосипед – возило со две тркала


Велосипед стар повеќе од еден век своевремено беше продаден во Лондон на една аукција за рекордна сума – за повеќе од 100.000 фунти. Велосипедот „дајмон фрејм сејфти“ од 1892 година од британско производство беше купен од колекционер од Блискиот исток за точно 105.750 фунти или 170.600 долари. Од кога датира велосипедот? Пред да ги усовршат моторите, автомобилите и авионите, […]

Мистериозни хакери „Робин Худ“ донираат украдени пари


Хакерска група донира украдени пари во добротворни цели што се смета за прво такво нешто направено во кибер криминалот што ги зачудува експертите, јави Би-Би-Си. Хакери од „дарксајд“ тврдат дека изнудиле милиони долари од компании, но велат дека сега сакаат „да го направат светот подобро место“. Во објава на дарквеб, бандата објави потврди за донации од 10.000 […]

Дали дигиталното евро ќе ги замени банкнотите


Европската централна банка (ЕЦБ) експериментира со дигитално евро што може да се потроши насекаде, без страв дека некој ќе го следи вашето купување. Оваа институција, со седиште во Франкфурт, минатиот понеделник објави прашалник, со цел да открие какви се потребите на јавноста за оваа нова форма на плаќање, откако на 2 октомври извести дека може […]

(Фото) Нов памптрак велодром во Градскиот парк во Скопје


Вљубениците во велосипедизмот, ролерите и скејтбордите од денеска можат да го користат новиот памптрак полигон во вториот дел од Градскиот парк, во непосредна близина на просториите на ЈП „Паркови и зеленило“ и Сточарскиот институт. Ова е втор памптрак изграден во Скопје, првата ваква адреналинска патека лани беше оформена на просторот пред Олимпискиот базен. „Овој проект […]

За да немате дилема дали имате обичен грип или коронавирус: Редоследот по кој се појавуваат 4-те најважни симптоми е клучен!


Истражувањето спроведено на Универзитетот во Јужна Калифорнија покажа дека симптомите на коронавирус многу често се појавуваат во „јасно дефиниран“ редослед. Ова откритие може да им помогне на пациентите да разликуваат коронавирус и грип, да се изолираат на време и да започнат со третман. „Важно е да се знае ова во време кога циклусите на болести […]

Пет сигнали дека ви е ослабнат имунитетот и како да го зајакнете


Имунитетот е многу важен во нашиот секојдневен здрав живот, особено во време кога светот се бори со пандемија и доаѓа сезоната на грип. Лекарите објаснуваат дека ова се сигнали со кои ќе знаете дали тој ослабнал, и препорачуваат  храна што треба да јадете за да го зајакнете! Пет сигнали за слаб имунитет се … “Пукнатини” […]

Шест проценти од заразените коронавирусот го добиле на отворено


Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, бројни студии покажаа дека Ковид 19 се пренесува во затворени простории, а најновото истражување покажа дека од сите случаи, шест проценти од пациентите го добиле вирусот на отворено, претежно на концерти и спортски настани, објави денеска Хина. Во студија на 25.000 случаи, околу шест проценти од случаите се поврзани […]

Огромна мачка пронајдена врежана во пустина во Наска во Перу


Песочните песоци на југот на Перу, врежани пред многу векови века со геоглифи на колибри, мајмун, орка – и фигура за која многу би сакале да поверуваат дека е астронаут – сега открија форма на огромна мачка што лежи низ пустински рид. Мачката во Наска, датирана помеѓу 200 и 100 г.п.н.е., се појави за време […]

Диви свињи ноќе берат грозје во Тиквешко


 Ноќна берба на грозје од страна на диви свињи се случува за време на гроздоберот во Тиквешко. Лозари потврдуваат за МИА дека годинава родот од лозјата го делат со шумски животни. Дознаваме дека ова се случува во Кавадаречко, Неготинско и Демиркаписко. Се зема данок од мускатните благи сорти грозје, но и од најзастапената црна сорта […]