Внукот на ЏФК, Џек Кенеди Шлосберг, дипломира право и бизнис на Харвард


САД- Џек Кенеди Шлосберг се обидува да си го направи својот пат во светот – но тоа не значи дека не ги следи стапките на неговото познато семејство. Во серијата фотографии што ги објави на својот Инстаграм овој викенд, Џек го прослави дипломирањето на Правниот факултет на Харвард и Бизнис школата на Харвард. На првата […]

Покривката на Гренланд загуби 4.700 милијарди тони мраз


Гренланд– Огромната ледена покривка на Гренланд изгуби 4.700 милијарди тони мраз за 20 години, што предизвика зголемување на нивото на океаните за 1,2 сантиметри, покажуваат новите податоци од данско истражување на Арктикот, објавено оваа недела. Тој волумен на стопен мраз, кој би ја покрил површината на САД со половина метар вода, е особено важен за брегот […]

Нестле ќе им плаќа на земјоделците во Африка децата да одат на училиште место да собираат какао


Пред речиси две децении, големите компании ветија дека ќе престанат да користат какао што го собираат децата, но не успеаја да преземат значајни чекори. Производителите на чоколада се соочуваат со зголемен притисок од инвеститорите, потрошувачите и владите да се осигураат дека зрната какао не се произведуваат со детски труд во Западна Африка. Сепак, најголемиот дел […]

Дали треба да се тушираме кога сме болни? – Во овој случај е опасно капењето..


Дали да се капеме за време на болест? Ова прашање е предмет на полемики со децении, а еве што велат лекарите … Дури и да ја исклучиме појавата на омикрон во земјава, која има симптоми многу слични на грипот, сезоната на настинки сеуште трае. И сите знаеме што треба да направиме за да се заштитиме […]

Руски авион „Ил-76“ спаси 300 напуштени миленици од Кабул


 Руски транспортен авион „Ил-76“ спаси речиси 300 напуштени миленици од Кабул, Авганистан, а тие својот нов дом ќе го најдат в Канада. – Авионот е апсолутен „ѕвер“ – Илушин 76-ТД, дизајниран да лета над Сибир среде зима. Затоа, не очекуваме доцнење поради зимата, рече Шарлот Максвел-Џонс од кабулската организација „Kabul Small Animal Rescue“. Станува збор […]

Хороскоп: Да ги натерате нив да се заљубат е како да „отварате конзерва со заби“


Откријте кои хороскопски знаци најтешко се заљубуваат. Некои се заљубуваат на прв поглед, некои на трет, но има и такви на кои им е многу „тешко“ некому да го отворат своето срце. Ако сакате романса со еден од овие шест хороскопски знаци, тешко вам. Риби Бидејќи Рибите се најчувствителните и најинтуитивните од сите хороскопски знаци, […]

„Њујорк тајмс“ ја купи креативната интернет-игра „Wordle“


САД – „Њујорк тајмс“ вчера објави дека компанијата ја купила популарната игра „Wordle“, која за само четири месеци откако се појави на Интернет доби милиони корисници, за неоткриена „сума од седум цифри“. Создадена од инженерот Џош Вордл, играта се состои од погодување збор од пет букви во шест обиди. Според весникот, играта пуштена во октомври на […]

Хари и Меган загрижени за лажните ковид информации на Спотифај


САД– Принцот Хари и Меган Маркл се огласија по контроверзноста околу Spotify, бидејќи кралската двојка наводно има договор од 25 милиони долари со платформата за стриминг. Нивното партнерство беше објавено во декември 2020 година, и тие открија дека ќе бидат домаќини и ќе продуцираат „поткасти кои градат заедница преку споделено искуство, наративи и вредности“. Спотифај […]

Со овие препораки за неколку минути ќе ја остраните мувлата од завесата за туширање


Завесата за туширање е полна со бактерии и е повалкана од највалканиот дел од бањата, дури и кога изгледа чисто. Изложена е на бројни купки, средства за чистење, што доведува до развој на бактерии, мувла и нечистотија. Кога не се третираат правилно, на завесите се формираат дамки кои не можат да се отстранат дури и […]

Кинески хороскоп за 2022: Еве што ни носи годината на водниот тигар!


Сите очи се вперени во 2022 година со надеж дека ќе биде подобра од 2021 година Стаорец (родени 2020, 2008, 1996, 1984, 1972, 1960, 1948, 1936, 1924) Родените во знакот на стаорец очекуваат помали турбуленции на деловното поле. Ќе имате многу службени патувања, кои ќе ви донесат многу пари. Воздржете се од трошење премногу и грижете […]

Кинезите ја дочекуваат Годината на тигарот


САД– Кинезите ширум светот се подготвуваат да ја дочекаат Годината на тигарот. Според традиционалниот кинески месечев календар, новата година почнува вечерва, на полноќ во Пекинг. Годината на тигарот следи по Годината на бикот. Тигарот, третото од 12 хороскопски животни во кинеската митологија, претставува енергија и движење. Кинеската Нова Година во 2022 година (1 февруари) ја носи Годината […]

Кралот на Норвешка се разболел по контакт со позитивен на Ковид


Норвешка– Кралот на Норвешка ќе се повлече од должностите откако покажа симптоми на настинка по состанокот со владиниот министер кој подоцна дозна дека е позитивен на Ковид-19. Кралот Харалд V, кој има 84 години и во минатото имал здравствени проблеми, му ги препуштил своите должности на својот син, престолонаследникот принцот Хакон, додека закрепнувал, објави Асошиетед […]

Како да ги следите само оние вести што ве интересираат


  Апликацијата my newz овозможува да ги следите најновите и актуелни вести од преку 250 македонски извори со посебна можност да одберете свои омилени медиуми и категории. Новата мобилна апликација ви овозможува да се информирате брзо, селектирано, проверено и релевантно, да не губите време барајќи ги вестите што ве интересираат, да креирате сопствени категории спoред […]

Од Зоолошката градина во Атина побегнале 32 птици од загрозени видови


Снежната бура што во понеделникот ја зафати Атина, не ја заобиколи ниту Зоолошката градина која претрпе материјална штета и побегнаа 32 птици од загрозени видови, јави дописничката на МИА од Атина. Од Зоолошката градина соопштија дека поради обилните снежни врнежи на две локации се урнале решетките на кровот и побегнале два евроазиски бувови (Bubo Bubo) […]

Белата куќа ѝ посака добредојде на мачката Вилоу


САД – Семејството Бајден конечно доби мачка. Канцеларијата на првата дама Џил Бајден објави дека првото семејство на Америка е возбудено да го пречека во Белата куќа двегодишната мачка со сиво-бели риги по име Вилоу. Бајден, професор на колеџ во заедницата, ја нарече мачката по нејзиниот роден град Вилоу Гроув, Пенсилванија, изјави портпаролот на првата […]

Стриминг платформата „Дизни+“ од летово ќе биде достапна и во Македонија


Стриминг платформата „Дизни+“ потврди дека ова лето ќе ги прошири услугите ширум Европа, Африка и Западна Африка, односно во 42 земји, меѓу кои и Македонија, како и на 11 територии. Освен во Македонија, „Дизни+“ ќе биде достапна и во земјите од регионот како Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово и Србија. Медиумите наведуваат дека не се […]

Зошто скоро секој лифт има огледало? Сигурно не е тоа што мислите…


Дали знаете зошто лифтовите имаат огледала? Не се работи за фотографирање! Кога влегуваме во лифт, обично се гледаме во огледало за последната проверка пред да излеземе надвор – си ја поправаме косата, шминкаме, врземе шал, а богами и направиме „селфи“… Тоа го правиме рутински и без да се прашуваме, всушност, зошто во лифтовите генерално има […]

Хороскопот го разоткрива партнерот кој што сака да ве остави


Како да препознаете дека вашиот партнер сака да раскине со вас? Доволен е хороскопски знак! Не треба долго време добро да го познавате партнерот за да почувствувате дека наскоро ќе следи раскинување и тоа од негова страна. Астрологијата открива како се однесуваат хороскопските знаци кога планираат да ве напуштат. Дополнително, ваквото однесување на партнерот може […]

Британски научници развиваат лек против рак без отровни хемикалии


  Британски научници развиле нов алат со кој ги искористуваат клетките кои ги уништуваат туморите за брза и ефикасна борба против ракот. Новата студија покажа драматично намалување на туморите кај глувците во споредба со традиционалните методи за клеточна терапија кои ги подобруваат способностите на имуниот систем во борбата против ракот. Со новиот уред, кој може […]

Во нашата галаксија е откриен непознат ротирачки објект, пулсира и многу е чуден


Австралиските научници тврдат дека откриле непознат ротирачки објект во нашата галаксија и истакнуваат дека тоа е нешто што досега не е видено. Објектот, кој прв го откри студент од австралискиот универзитет Куртин, е специфичен по тоа што емитува огромно количество енергија во радио делот од електромагнетниот спектар на секои 18 минути. Според Би-Би-Си, во вселената […]