На листата е и град од една соседна држава – 10 најдобри европски градови за двојки


 

Интернет порталот Uswitch направи листа на најдобри европски градови за заљубени двојки кога во прашање е храната.

За листата користени се романтичната атмосфера на локалните ресторани, оценката на храната и услугата, поточно го пресметале „романтичниот резултат“ на секој град врз основа на имјадници рецензии на патниците.

Сосема очекувано градот на љубовта Париз е на прво место на листата романтични европски градови, со оценка 10/10.

На второ место се наоѓа Копанхаген (Данска) со оценка 9,7, а на трето Берлин (Германија) со оценка 9,5.

Потоа следуваат Хелсинки (Финска), Рим (Италија и Атина (Грција).

На седмо место е Амстердам (Холандија), на осмо Загреб (Хрватска), а потоа Стокхолм (Шведска) и Рига (Латвија).