Украинските сили повратија село веднаш до Бахмут


  Украинските сили повторно зазедоа село во источниот дел на земјата по интензивните битки со руските трупи, соопшти војската во петокот додека нападнатата држава продолжува со повеќестрана контраофанзива. Селото Андриевка се наоѓа на околу 10 километри јужно од рускиот окупиран град Бахмут, сцена на најдолгата битка во руската војна против Украина. Неговото ослободување претставува уште […]

Состанок на најголемите технолошки умови во Конгресот за вештачката интелигенција


Делегација на врвни технолошки лидери, вклучувајќи ги Сундар Пичаи, Илон Маск, Марк Закерберг и Сем Алтман, се состана во Вашингтон во средата на состанок зад затворени врати со американските сенатори за да разговараат за подемот на вештачката интелигенција и како таа треба да се регулира. Дискусијата, наведена како „форум за безбедност на вештачката интелигенција“, е […]

УНЕСКО: Венеција вон листата на загрозено културно наследство


Организација за образование, наука и култура на Обединетите Нации – УНЕСКО одлучи да не ја вклучи Венеција и нејзината лагуна на листата загрозени места на светското наследство – спротивно на очекуваното. Комитетот на УНЕСКО ја донесе одлуката вчера на тековниот состанок во Ријад, Саудиска Арабија. Сепак, Комитетот ја повтори својата загриженост за правилно зачувување на […]

Нетанјаху ќе се сретне и со Маск за време на посетата на САД


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе се сретне со технолошкиот милијардер Илон Маск за време на посетата на САД следната недела, пренесе ДПА. Средбата е закажана за понеделник, соопшти кабинетот на Нетанјаху. Маск неодамна беше обвинет за антисемитизам откако ги нападна финансиерот и преживеан од Холокаустот Џорџ Сорос и еврејската организација Лига против дефамација (ADL) со […]

Зеленски ќе го посети Вашингтон по Генералното собрание на ОН


Украинскиот претседател Володимир Зеленски планира да го посети Вашингтон по неговиот планиран говор на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, пренесе ДПА. За наредната недела планирани се средба со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа и разговори со членовите на Конгресот во Капитол, информираа „Вашингтон пост“, Блумберг и Си-Ен-Ен, повикувајќи се на владини […]

Украинските власти наредија евакуација на цивилите од областа Херсон


Украинските власти наредија задолжителна евакуација на цивилите во јужниот регион Херсон, чиј дел е контролиран од руските сили и редовно е цел на напади. – Советот за одбрана во регионот Херсон донесе одлука за задолжителна евакуација на семејствата со деца од населените места под постојан непријателски оган, соопшти на Телеграм Олександр Прокудин, шеф на регионалната […]

ОН: Стотици илјади луѓе погодени од катастрофата во Либија


Стотици илјади луѓе имаат потреба од итна помош по разорните поплави во Либија, соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА). Агенцијата во апелот повика на итна помош од 71,4 милиони американски долари „за да се задоволат најитните потреби на 250.000 луѓе од вкупно 884.000 што се очекува да им биде потребна помош […]

Ким Џонг-ун пристигна во рускиот град Комсомолск на Амур


Ким Џонг-ун пристигна со воз во градот Комсомолск на Амур, јавија руски медиуми, прецизирајќи дека севернокорејскиот лидер отишол во фабриката за авиони во градот. Ким на градската железничка станица бил пречекан со црвен тепих од гувернерот на областа Хабаровск и други официјални лица. Потоа отишол во воздухопловната фабрика „Јуриј Гагарин“, која ги произведува најнапредните руски […]

ЕК: Ерозијата на демократијата и човековите права е реалност


Демократијата ги трансформираше и подобри општествата ширум светот, но сепак ерозијата на демократијата и човековите права е реалност која никого не поштедува, се наведува во заедничка изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и еврокомесарката за демократија и демографија Дубравка Шуица по повод Меѓународен ден на демократијата – 15 […]

Синот на Бајден, Хантер, обвинет за оружје


  Американските федералните обвинители во четвртокот го обвинија Хантер Бајден за оружје, откако договорот за признавање вина со синот на претседателот пропадна во јули. Судскиот поднесок во американскиот окружен суд во Делавер тврди дека Бајден (53) незаконски набавил и поседувал револвер „колт“ во октомври 2018 година, откако лажно изјавил дека не бил корисник или зависник […]

Мелони: Легалната миграција нема да ја реши европската демографска криза


Извесна легална миграција може да придонесе за европските економии, но миграцијата не е решение за демографската криза на континентот, изјави во Будимпешта италијанскиот премиер Џорџа Мелони. Таа зборуваше на демографскиот самит во Будимпешта, чиј домаќин беше унгарскиот десничарски националистички премиер Виктор Орбан, долгогодишен политички пријател на Мелони, пренесува Ројтерс. „Мислам дека квотата за легална миграција […]

Синот на Џозеф Бајден обвинет на федерално ниво поради нелегално поседување оружје


Синот на американскиот претседател Џозеф Бајден, Хантер, денеска беше обвинет на федерално ниво за нелегално поседување оружје. Хантер Бајден е обвинет пред федералниот суд во Делавер дека лажел за неговата употреба на дрога за време на купувањето пиштол во 2018 година, велејќи дека не страдал од зависност. Тој претходно во тој период призна дека се […]

Белгискиот премиер „шокиран“ од подметнување пожари во училиштата поврзани со сексуално образование


Белгискиот премиер Александар Де Кро денеска изјави дека е „длабоко шокиран“ од серијата подметнати пожари во училиштата поврзани со протестите против задолжителните часови за сексуално образование. „Нашите училишта мора да бидат безбедно место за сите наши деца“, рече Де Кро во видеото објавено на Фејсбук. „Пристапот до сексуалното образование не може да се доведе во […]

Блумберг: Руските олигарси повлекоа најмалку 50 милијарди долари од Европа по почетокот на војната во Украина


Руските олигарси повлекоа десетици милијарди долари од Европа од почетокот на руската инвазија на Украина под притисок на меѓународните санкции и повиците на претседателот Владимир Путин да го вратат своето богатство дома, јави Блумберг. Во август, акционерите на United Medical Group Cyprus и MD Medical Group Investments, контролирани од Игор Шилов и Марк Куртцер, одобрија […]

Австрија го одби барањето на Фон дер Лајен Бугарија и Романија да влезат во Шенген


  Австрија брзо го отфрли повикот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен да го укине ветото против Бугарија и Романија да се приклучат на Шенген зоната, тврдејќи дека проширувањето на безвизната зона во моментов нема смисла. Во своето обраќање за состојбата на Унијата во средата, Фон дер Лајен Бугарија и Романија, „конечно […]

Мега коридорот Индија-Блиски Исток-Европа ќе ја вклучи и Македонија (Видео)


Неодамнешната најава за железнички и бродски проект поддржан од САД што ќе ја поврзува Индија со Блискиот Исток и Европа се смета за предизвик за „Иницијативата за појас и пат“ на Пекинг. Економскиот коридор Индија-Блискиот Исток-Европа (IMEC) беше најавен на маргините на неодамна завршениот самит на лидерите на Г-20 во Њу Делхи и  доколку биде […]

Украина уништила руски систем за воздушна одбрана вреден 1,2 милијарди долари


  Руската противвоздушна одбрана утрото на 14 септември уништила 11 дронови од украински тип над анектираниот Крим. Малку порано украинските вооружени сили се обиделе да го нападнат патролниот брод на Црноморската флота „Сергеј Котов“ во Црното Море, тврди руската војска. „За време на одбивањето на нападот, пет беспилотни непријателски чамци беа уништени со оган од […]

Бела куќа: Истрагата за импичмент на Бајден е неоснована


Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер денеска ги осуди плановите на републиканците да покренат истрага за импичмент против демократскиот претседател Џо Бајден, нарекувајќи ги неосновани. Како што јави Гласот на Америка, таа рече дека нема докази од страна на републиканците против Бајден додека ги истражуваат деловните зделки на неговиот син Хантер Бајден. Истрагата е насочена […]

(Видео) Украинците тврдат дека уништиле подморница


По информациите дека големи експлозии се случиле ноќва на Крим и дека по експлозија на гасовод гори рускиот град Саратов, Украинците соопштија и дека уништиле руска подморница. Како што истакна Антон Герашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи, на масата се појави нова ставка на која се врши проценката на руските загуби – подморница. […]

Шефовите на големите технолошки компании во Конгресот разговараа за иднината на вештачката интелигенција


Шефовите на најголемите технолошки компании, вклучувајќи ги Илон Маск и Марк Цукерберг, вчера го посетија Конгресот за да ги споделат своите планови за вештачка интелигенција, додека САД развиваат нови закони за подобра контрола на технологијата. Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, вели дека постои „универзален консензус“ за потребата од регулирање на вештачката интелигенција. -Постои силен […]