Училиштата во Израел остануваат затворени, почнува учењето на далечина


 Училиштата ширум Израел ќе останат затворени утре, но дадено е одобрение да започне учењето на далечина, соопшти денеска израелското Министерство за образование.

-По безбедносната проценка во согласност со упатствата на командата на Домашниот фронт, Министерството за образование објавува дека утре нема да има образовни активности во училиштата низ целата земја, се вели во соопштението на Министерството.

Се додава дека е одобрено учење на далечина, како она што беше на сила за време на пандемијата на коронавирусот.