Земјотрес од 6 степени според Рихтер ја погоди Аргентина


Земјотрес со интензитет од 6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди аргентинската провинција Хухуј, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот бил на длабочина од 238 километри.

Засега нема информации за жртви, ниту за материјална штета.