Што се кибуци, заедниците на удар на Хамас


Во кибуцот Беери во јужен Израел беа пронајдени 108 тела на луѓе убиени од милитантите на Хамас. Настрадаа цели семејства

 

Кибуц е тип на уредување карактеристичен за Израел. Колективната заедница, традиционално аграрна, е наведено на веб-страницата „Туристички Израел“.

Првиот кибуц е основан во 1910 година, а денес ги има повеќе од 270. Тие еволуирале од нивните земјоделски почетоци и многумина денес се приватни.

Кибуците, без оглед на нивниот статус, нудат единствен поглед на израелското општество. Зборот кибуц значи „собир“, а првите биле наречени „квуца“, што значи група.

Првиот кибуц беше Деганија. Младите Евреи изградија заедница за себе. Земјиштето го купил Еврејскиот национален фонд. Тие се обидоа да ја направат земјата плодна и создадоа аграрна заедница.

После тоа, низ целиот Израел беа формирани бројни кибуци.

Тие првично биле аграрни заедници. Бидејќи не биле економски мотивирани, жителите делеле сè и работеле како колективни членови. Членовите имале различни работни места во заедницата, најмногу во земјоделството. Сепак, некои биле во кујна, градинка или работеле во дом за деца. Сите оброци се јаделе во заедничката трпезарија.

Влијанието на кибуцот во формирањето на Израел е несомнено единствено. Во 1960-тите, само четири проценти од Израелците живееле во кибуци. Денес, членовите на кибуците сочинуваат 15 отсто од членовите на Кнесетот.

По пензионирањето, првиот израелски премиер Давид Бен Гурион се пресели во кибуцот Сде Бокер.

Од 1970-тите и 1980-тите, растечкиот тренд е приватизацијата на кибуците. Ова дојде со економскиот развој на земјата. Членовите на кибуците станаа луѓе кои придонесуваат за пошироката економија.

Денес, многу кибуци се приватни, но ги задржуваат своите корени на комуна. Сè уште има места со силна социјална соработка и активности.

Многу кибуци се оддалечија од своите земјоделски корени и се занимаваат со производство. Компаниите од кибуц придонесуваат со околу 10 отсто од земјоделскиот извоз на земјата. Денес, фабриката за сечење дијаманти во кибуцот Деганија заработува неколку милиони долари годишно.

Некои се префрлија на туризам. Хотелите во кибуците се популарни места за посета.