Избори во Холандија: Почеток на нова ера на холандската политичка сцена


Холанѓаните денеска гласаат на предвремени парламентарни избори, кои би можеле да отворат нова страница на домашната политичка сцена во услови на фрагментиран и нестабилен партиски пејзаж, при што се очекува во места во новиот состав на холандскиот Парламент да обезбедат 16 или 17 политички партии од вкупно 26-те пријавени изборни листи.    Како што јави […]

Постигнат договор за ослободување на најмалку 50 заложници од Газа, пауза во борбите


Израелскиот кабинет го одобри договорот за заложници со Хамас по повеќе од шест недели интензивни борби во Газа. Во продолжение целосната изјава од кабинетот на израелскиот премиер: „Владата на Израел е должна да ги врати дома сите заложници. Вечерва Владата го одобри нацртот на првата фаза од постигнувањето на оваа цел, според која најмалку 50 […]

Драматично финале на кампањата за изборите во Холандија


  Ненадејниот наплив на поддршка за екстремно десничарскиот борец Герт Вилдерс ги наелектризира холандските избори додека кампањата влегува во последните часови. Антиисламската и анти-ЕУ Партија на слободата (ПВВ) на Вилдерс е поттикната од добивките во последен момент, при што една анкета дури го става ПВВ на првото место со конзервативно-либералната партија ВВД на премиерот во […]

Американски конгресмени го обвинуваат Маск дека профитира од антиизраелска пропаганда


 Група од 27 американски конгресмени демократите изразија загриженост дека платформата Икс (поранешен Твитер) профитира од премиум сметки, за кои тврдат дека го величаат насилството врз Израелците. Во писмото испратено до сопственикот на компанијата Икс, Илон Маск и извршната директорка Линда Лакарино, конгресмените наведуваат дека извештаите од непрофитните организации покажуваат дека луѓето со премиум сметки на […]

ЕУ даде зелено светло да продолжи со својата развојна помош за Палестинците


Европската унија денеска даде зелено светло за продолжување на развојната помош за Палестинците, откако проверката покажа дека средствата не биле во корист на групата Хамас. Унијата истакна дека во иднина ќе бидат воведени построги правила за контрола. „Проверката, наредена по нападот на Хамас врз Израел, „не нашла ниту еден факт“ што би покажал дека фондовите […]

Рекорден број Американци патуваат за Денот на благодарноста


 Рекорден број Американци се очекува да патуваат по копно и во воздух во пресрет на Денот на благодарноста, еден од најважните семејни празници во САД кој се слави в четврток.  Патувањата за време на празниците во САД се враќаат на бројките пред пандемијата на Ковид-19 и годинава за време на главните празници како Денот на […]

Германија ќе и обезбеди нов пакет воена поддршка на Украина


 Германија треба да и обезбеди на Украина нов пакет воена помош во вредност од 1,1 милијарди фунти. Тоа ќе вклучува четири дополнителни единици за воздушна одбрана ИРИС-Т, рече министерот за одбрана Борис Писториус при денешната посета на Киев. ИРИС-Т е инфрацрвен ракетен систем воздух-воздух со среден дострел. Досега Берлин вети дека ќе му снабди на […]

Руски сатанист, кој им сечеше глави на тинејџери, ослободен за да оди во војна во Украина


  Жителот на рускиот град Јарослав, Николај Оголобјак, осуден во случај на ритуални убиства, доби помилување за неговото учество во војната со Украина. Ова за медиумот „76.ru“ го изјави неговиот татко. „Тој служеше таму шест месеци во ‘Бура Z’… Откако беше ранет, тој е инвалид. Тој оди, но раната e сериозна. Малку е веројатно дека […]

Барак: Израел ги изгради бункерите под болницата Ал-Шифа во Газа


Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак предизвика контроверзии откако во емисија на Си-ен-ен изјави дека Израел помогнал во изградбата на некои подземни простори под болницата Ал-Шифа во Газа. Барак изјави дека бункерите што ги користел Хамас за терористички активности првично биле „изградени од израелски градежници“. – Кога рековте дека се изградени од израелски инженери, дали погрешно […]

Израел и Хамас на чекор до договор за ослободување десетици заложници


  Израелската влада треба да заседава вечерва за да даде конечно одобрение за договорот со Хамас за ослободување на заложници, пренесуваат повеќе израелски медиуми. На состанокот со резервните трупи во јужен Израел претходно, премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека „напредуваме“ кон договор. „Мислам дека не треба да кажам премногу, дури и сега, но се надевам дека […]

Пет клонирани кучиња се главни советници на новиот аргентински претседател


  Големо мнозинство аргентински гласачи се одлучија да пробаат нешто ново кога го избраа Хавиер Милеи за следен претседател на земјата. Во услови на зголемена инфлација и зголемена сиромаштија, Милеи, десничарски популист кој вети радикално менување на владата, го победи актуелниот министер за економија Серхио Маса на вториот круг од изборите во неделата со повеќе […]

Германија најавува изградба на железнички тунел кон Чешка


Германија ги објави плановите за изградба на железнички тунел низ Рудна Гора за да ги подобри врските со Чешката Република и да ја ослободи долината Лаба, пренатрупана со сообраќај. Железничкиот тунел ќе биде изграден на потегот од германскиот град Хајденау до чешкиот град Усти на Лаба и би бил долг околу триесет километри. Се разгледуваа […]

Претседателот на Кенија: Време е за европски инвестиции во Африка


Време е Европа да го пренесе својот капитал и технологија во Африка за да го отклучи својот потенцијал во корист на двата континента, изјави денеска во Европскиот парламент кенискиот претседател Вилијам Руто. Лидерот на африканска земја со околу 53 милиони жители се смета за клучен сојузник на Западот во Африка. Руто ја критикуваше одлуката на […]

Камиони со помош влегле во Газа


Околу 50 камиони со храна и медицински материјали влегле во Појасот Газа преку преминот Рафа, јави Ал Џезира. Сепак, ограничената помош стигнува само до јужните области на Газа, додаде медиумот. Портпаролот на Светската програма за храна Абер Етеда, претходно за Ал Џезира изјави дека во Појасот сега влегуваат „само 10 отсто од залихите на храна […]

Италија: Повеќе од 230 членови на мафијата од Ндрангета осудени во мамутскиот процес


  Судот во понеделникот (20 ноември) осуди повеќе од 230 обвинети на крајот од едно од најголемите судења за мафија во Италија, кое беше насочено кон „криминалната група Ндрангета во нејзиното срце во јужниот регион Калабрија“. Повеќе од 330 осомничени мафијаши и нивни наводни соработници, вклучително и професионалци од администрацијата, се соочуваа со низа обвиненија, […]

Илјада пловила ќе се соберат во Турција и утре ќе се упатат кон Газа во знак на протест


Илјада бродови ќе се соберат во Турција и утре ќе се упатат кон Појасот Газа во знак на протест против Израел, пишува турскиот сајт „Хабер 7“. Тие ќе превезуваат 4.500 луѓе од 40 земји, „вклучувајќи ги и антиционистичките Евреи“, информира сајтот. Волкан Окчу, организатор на настанот од турска страна, соопшти дека меѓу учесниците најбројни се […]

Објавена снимка од работниците затрупани при уривање тунел во изградба во Индија


Објавена е првата снимка од работниците затрупани при уривањето на тунел во изградба, долг 4,5 километри, што се случи на 12 ноември во индиската држава Утараканд. На видео снимката, обезбедена од властите, во траење од 30 секунди може да се видат 41 работник кои носат шлемови, стојат во полукруг пред камерите и комуницираат со спасувачите. […]

Зеленски: Преживеав 5-6 обиди за атентат. Сега имаат нов план, го знам кодното име


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека веќе не брои обиди за атентат. Тој ги спореди со инфекцијата со Ковид-19. Тој рече дека најмалку пет или шест обиди за атентат биле спречени од украинските разузнавачки служби. „Првиот (атентат, оп.а.) е многу интересен, бидејќи е прв пат, а после тоа е исто како Ковид“, рече тој во […]

„Аарец“: Во Газа се распоредени 10.000 израелски војници


Израел во моментов има распоредено над 10.000 војници во Појасот Газа, каде што води војна против исламистичкото движење Хамас, кое ја контролира оваа палестинска територија, пишува израелскиот весник „Аарец“, цитиран од ДПА. Израелскиот дневен весник, што се повикува на податоци на армијата, прецизира дека повеќето од овие војници се лоцирани во населбите Зејтун и Џабалија […]

Во Бразил измерена највисоката температура досега


Во Бразил е измерена највисоката температура досега, дури 44,8 степени Целзиусови, во екот на неподносливиот топлотен бран што зафати делови од таа голема јужноамериканска земја. Рекордот беше соборен во неделата во градот Арасуаи, во југоисточната бразилска држава Минас Жераис, соопштија официјални лица. Невидената жештина се припишува на феноменот Ел Нињо и климатските промени. Синоптичарите рекоа […]