Обилни дождови во Индија, пет лица загинаа, а 500 се заглавени на железничка станица


Најмалку пет лица загинаа, додека околу 500 луѓе се блокирани на железничка станица откако силен дожд парализира неколку делови на јужната индиска држава Тамил Наду, поплавувајќи ги патиштата и нарушувајќи го одвивањето на железничкиот сообраќај.

Во Тамил Наду ноќта меѓу завчера и вчера наврнале речиси 50 милиметри дожд, а во овој период од годината вообичаено е да наврнат 2,5 милиметри, соопшти Метеоролошката служба и предупреди дека денеска се очекуваат дополнителни врнежи.

Според извештаите на локалните медиуми, најмалку пет лица загинале во поплавите и несреќите кои се доведуваат во врска со дождовите кои првенствено ги погодија областите Тутикорин, Тирунелвели, Тенкаси и Кањакумари.