Израелски пораки до Хезболах: Она што се случува во Газа може да се случи и во Либан


Израелскиот министер и член на воениот кабинет Бени Ганц ја предупреди милитантната група Хезболах дека „она што се случува“ во северниот дел на Газа може да се случи и во јужен Либан и Бејрут. – Знаеме како да се справиме со оние кои нè напаѓаат, како и со оние што ги испраќаат, рече Ганц на […]

Катар: Наскоро ќе биде објавено времето на прекин на огнот


Портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи изјави дека разговорите за заложниците со посредство на Доха „напредуваат“ и оти точното време за почеток на примирјето ќе биде објавено во наредните часови. Катар, Израел и Хамас вчера одделно најавија дека договорот ќе стапи во сила во 10 часот утринава, но Израел подоцна објави дека имплементацијата нема […]

ОН: Минатата година намерно биле убиени 89.000 жени што е најголем број во последните 20 години


Бројот на убиени жени и девојки во светот во 2022 година се искачи на највисоко ниво во последните 20 години, соопштија Обединетите нации. Околу 89.000 жени и девојчиња биле намерно убиени минатата година, објави телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women) и Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (UNODC). […]

Рации во Германија поради поврзаност со Хамас


Германските безбедносни сили претресоа неколку имоти во Берлин, Долна Саксонија, Северна Рајна-Вестфалија и Шлезвиг-Холштајн во врска со забраната за терористичката организација Хамас и меѓународната мрежа Самидун во Германија. Како што јави ДПА, сојузното Министерство за внатрешни работи соопшти за рациите рано утрово. Германското МВР на почетокот на месецов ги забрани активностите на двете организации.

Ослободување на заложниците од Газа во Израел нема да биде пред петок


Ослободувањето на првите заложници од Појасот Газа во Израел нема да се случи пред петок, пренесе ДПА повикувајќи се на израелски медиуми. Израелскиот советник за безбедност Цачи Ханегби изјави дека ослободувањето на заложниците нема да почне пред петок, јавија израелскиот весник Хаарец и каналот Н12. Претходно се очекуваше првата размена да се случи денеска. – […]

(Видео): Погледнете го моментот на несреќата на границата меѓу САД и Канада


Возило експлодираше денеска на граничниот премин на мостот „Виножито“ меѓу САД и Канада во близина на Нијагарините водопади, поради што властите го затворија тој и три други гранични премини меѓу западниот дел на Њујорк и јужниот дел на Онтарио. По експлозијата, беше мобилизирана заедничката работна група за тероризам на ФБИ. Во експлозијата загинаа две лица […]

Шокантна победа на крајната десница на изборите во Холандија


  Антиисламскиот, евроскептичен радикал Герт Вилдерс веројатно ќе биде шокантниот победник на изборите во Холандија. Во драматичен резултат што ќе ја потресе европската политика, неговата Партија на слободата (ПВВ) треба да освои околу 35 од 150 места во парламентот – повеќе од двојно од бројот што го освои на изборите во 2021 година, според излезните […]

Две лица загинаа во експлозија на мостот што ги поврзува САД и Канада


Две лица загинаа денеска во експлозија на автомобил на мостот што ги поврзува САД и Канада, во близина на Нијагарините водопади, јавија американските медиуми. Станува збор за луѓе кои биле во возилото, а медиумите јавуваат дека се работи за двајца мажи. Автомобилот доаѓал од канадската страна на границата и експлодирал по првиот контролен пункт на […]

Шведска мора наскоро да се приклучи на НАТО за да ја спречи руската закана


Шведска мора да стане полноправна членка на НАТО што е можно поскоро за да ја спречи заканата од Русија, рече шведскиот министер за одбрана Пал Џонсон, додека во Стокхолм се зголемува нетрпеливоста околу нејзиниот бавен пат кон пристапувањето во Алијансата. Како што пренесува Гардијан, Џонсон рече дека не може да постави временска рамка за завршување на процесот […]

УНИЦЕФ: Газа е „најопасното место“ за децата во светот


Њујорк– Шефицата на УНИЦЕФ, Кетрин Расел денеска го оквалификува опколениот Појас Газа како „најопасното место во светот за да се биде дете“. Расел рече дека над 5.300 деца биле убиени во Газа од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври. Тоа претставува 40 отсто од смртните случаи. -Ова е без преседан, нагласи таа. 

Путин ја нарече инвазијата на Украина „трагедија“ и е подготвен за преговори


  Руската инвазија на Украина е „трагедија“ и Москва е подготвена да преговара за да запре, изјави претседателот Владимир Путин преку видео врска на самитот на Г20. „Воените акции се секогаш трагедија. Поедини луѓе, поедини семејства и земјата како целина. И, се разбира, мора да размислиме како да ја запреме оваа трагедија. Патем, Русија никогаш […]

Што содржи договорот за примирје меѓу Израел и Хамас и колку заложници ќе бидат ослободени


  Израел и Хамас постигнаа договор за ослободување на 50 жени и деца заложници во Газа во замена за ослободување на 150 палестински жени и деца од израелските затвори за време на четиридневниот прекин на огнот, објавија двете страни во средата наутро. Договорот беше потврден од висок американски функционер, кој за новинарите изјави дека меѓу […]

Европратениците поддржаа два законски предлога од пакетот за климатска транзиција на ЕУ


 Европскиот парламент ги поддржа измените на Законот на ЕУ за нето нула емисии на штетни гасови од индустријата и го усогласи својот став за стандардите за емисија на јаглерод диоксид од товарните возила, со што го трасира патот за понатамошни разговори меѓу институциите на Унијата за утврдување на конечните верзии и нивно усвојување.  Како што […]

Полска наскоро ќе ги добие суспендираните средства од ЕУ


 Полската влада во заминување објави дека Брисел ја одобрил првата исплата на средства за закрепнување на Полска, што претходно беше суспендирана поради прекршување на владеењето на правото во земјата.  – ЕК во вторникот даде позитивно мислење за ревидираниот фонд за закрепнување… Полска наскоро ќе добие 20 отсто од оваа сума во форма на аванс, односно […]

Катар се надева дека договорот меѓу Израел и Хамас ќе отвори пат за „крај на војната“


 Катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани им се заблагодари на САД и Египет што му помогнаа на Катар да посредува за договорот меѓу Израел и Хамас со кој се предвидува пауза во борбите во Газа. Ал Тани изрази надеж дека договорот ќе воспостави „сеопфатен и одржлив договор“ кој „ќе стави крај на […]

Вкупно 274 од 300 палестински затвореници од израелскиот список за ослободување се мажи


Израелското Министерство за правда објави список со 300 палестински затвореници кои би можеле да бидат ослободени согласно договорот со Хамас. Повеќето се на возраст од 17 или 18 години, во рамки на старосна граница од 14 до 59 години. Најголемиот дел од приведените – 274 од 300, се мажи. Наведени се и прекршоците на приведените. […]

Изборите во Холандија ќе го потврдат популистичкиот тренд во Европа?


Изборите во Холандија се денеска, среда, 22 ноември 2023, а изненадувачки голем број гласачи на улиците на малиот јужен град Тилбург се уште се неопределени. „Сè уште треба да ги погледнам програмите“, изјави Плун, 23-годишна студентка по економија, која не сакаше да ни го каже своето презиме. Ја сретнавме во центарот на тој претежно католички […]

Хамас за договорот со Израел: Ќе бидат ослободени 150 палестински затвореници


Движењето Хамас утрово соопшти дека постигнало договор со Израел за четиридневен хуманитарен прекин на огнот „по концентрираните напори за посредување на Катар и Египет“. Соопштението на Хамас го објави Палестинскиот информативен центар, кој ги пренесува официјалните изјави на движењето. „Врз основа на нашата одговорност кон нашиот долго-страдачки и непоколеблив палестински народ и нашиот неуморен напор […]

Бајден: Договорот ќе ги олесни страдањата на невините Палестинци


Американскиот претседател Џозеф Бајден го поздрави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „што обезбеди поголема хуманитарна помош да стигне до Газа како дел од договорот“. Бајден вели дека тоа „ќе ги олесни страдањата на невините палестински семејства во Газа“. Како што пренесе Би-Би-Си, договорот меѓу Израел и Хамас вклучува дозволување на уште стотици камиони со медицинска помош […]

Времето на паузата во борбите во Газа ќе биде објавено во рок од 24 часа


Катар, кој беше посредник во постигнувањето на договорот меѓу Израел и Хамас, соопшти дека „почетокот на паузата ќе биде објавен во следните 24 часа“. Согласно договорот, паузата во борбите потоа ќе трае четири дена, и како што додаде официјална Доха „ќе биде предмет на продолжување“. Израел и Хамас постигнаа договор за ослободување на заложници, по […]