Лекарите специјализанти во Англија започнаа тридневен штрајк


Лекарите приправници во Англија денеска започнаа тридневен штрајк и најавија нов шестдневен штрајк од 3 до 9 јануари поради спорот за зголемувањето на платите, соопшти Британската медицинска асоцијација (БМА), која застапува околу 50.000 членови.

Општата болница во Челтенхем соопшти дека ќе го затвори одделот за итни случаи, додека менаџерите на болниците во Лондон ја повикаа јавноста да го користи Ургентниот центар само за итни случаи.

Лекарите специјализанти ги напуштија разговорите со владата откако им беше понудено зголемување на платите меѓу осум и 10 отсто.

Тие бараат зголемување од 35 проценти, што, според нив, е неопходно за да се покрие влијанието на инфлацијата што се создава во текот на неколку години.

Британската министерка за здравство Викторија Еткинс рече дека се преземени значајни итни мерки за да се минимизира нарушувањето и додаде дека вратата останува отворена за БМА да се врати на преговорите.

Директорите на болниците најавуваат дека шестдневниот штрајк во јануари ќе биде најдолгиот штрајк во историјата на британската Национална здравствена служба.