Оставка на францускиот министер за здравство поради новите строги закони за имиграција


Францускиот министер за здравство Орелиен Русо поднесе оставка по усвојувањето на контроверзниот закон за имиграција во парламентот, јавија француските медиуми доцна синоќа.

Весниците Фигаро и Паризиен објавија за оставката на Русо, но соопштија дека не е јасно дали премиерката Елизабет Борн ја прифатила.

Русо е дел од левото крило на владата и беше противник на построгиот законски текст што парламентот го усвои синоќа, јави ДПА.

Дебатата за законот за имиграција доведе до несогласувања во француската централно-десничарска влада на премиерот Емануел Макрон.