Застрашувачкиот терористички напад во Москва е удар за Путин, кој и вети безбедност на Русија


Едвај една недела откако Владимир Путин го обезбеди својот петти претседателски мандат, Русија е потопена во масакр и неред. Застрашувачкиот напад на „Крокус сити хол“, концертна сала и трговски комплекс во близина на Москва, за кој одговорност презеде ИД, остави стотици невини убиени или повредени. Четворицата мажи осомничени дека го извршиле нападот се уапсени во […]

Кац: Израел ќе ја продолжи воената операција во Појасот Газа додека не го уништи Хамас


Израел нема да ја прекине својата воена операција во Појасот Газа и ќе продолжи да се бори додека не го уништи Хамас и не ги врати сите заложници кои ги држи таа палестинска милитантна група, изјави израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, откако Советот за безбедност на Обединетите нации усвои резолуција со која се […]

Девет повредени лица во терористичкиот напад во Москва се во критична состојба


Девет лица повредени во терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ во Москва се во критична состојба, меѓу кои едно дете, додека 29 пациенти се во тешка состојба, изјави руската вицепремиерка Татјана Голикова. Голикова ова го изјави на состанокот со кој претседаваше претседателот Владимир Путин, на кој се разговараше за терористичкиот напад во Москва на 22 […]

Тајван ги интензивира воените вежби – тестирана противвоздушната одбрана


Тајван денеска ја тестираше својата противвоздушна одбрана и најави дека ќе ги интензивира воените вежби поради честите воени активности на Кина во близина на островот Командата на воздухопловните сили на Тајван во кусото соопштение наведе дека меѓу 5 и 7 часот утринава, по локално време, спровела „сеопфатни вежби за противвоздушна одбрана“ користејќи ракети земја-воздух од […]

Болсонаро поминал две ноќи во унгарската амбасада во Бразилија откако му бил одземен пасошот


Поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада во Бразилија, само неколку дена откако федералната полиција му го одзеде пасошот и уапси двајца негови поранешни соработници под сомнение дека подготвувале државен удар. Ова вчера го изјави неговиот портпарол, откако Њујорк Тајмс прв објави за престојот на Болсонаро во […]

Советот на ЕУ повика на ратификација на Конвенцијата за елиминирање на насилството и вознемирувањето на работа


 Советот на ЕУ ги повика земјите членки на Унијата да ја ратификуваат Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот (ИЛО) за елиминирање на насилството и вознемирувањето на работните места, јави дописникот на МИА од Брисел.  Во својот повик Советот наведува дека насилството и вознемирувањето на работните место е широко распространета и постојана појава низ целиот свет, […]

Министер од опозицијата ја напушти владата на Нетанјаху бидејќи не е дел од воениот кабинет


Израелскиот министер Гидеон Сар, кој се приклучи на вонредната влада за национално единство на премиерот Бенјамин Нетанјаху по нападот на Хамас на 7 октомври, соопшти дека поднел оставка откако не бил вклучен во воениот кабинет. Сар се приклучи на владата заедно со неколку други членови на опозицијата за да помогне во водењето на војната против […]

Кремљ: Секакви мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни


Организирањето на каков било глобален мировен самит за Украина што ја исклучува Русија е едноставно „апсурдно“ и нема да биде успешно, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Песков во интервју за рускиот медиум „Аргументи и факти“ изјави дека Русија ја продолжува својата војна против Украина, која трае повеќе од две години, за да се заштити […]

Нов протест на земјоделците во Брисел


Неколку земјоделски организации за денеска закажаа нов протест на земјоделците во Брисел, трет од почетокот на годината. Повод за протестот е денешното заседание на Советот за земјоделство и рибарство на ЕУ.  Како организатори на протестот се јавуваат меѓународната организација Виа Кампесина (Селски начин) со седиште во францускиот град Бањоле и белгиската валонски здруженија Федерацијата на […]

„Москва беше лесна мета“: Зошто ИСИС ја нападна руската престолнина?


  Руските разузнавачки служби, концентрирани на агресијата против Украина, заборавија на исламските фундаменталисти, за кои Русија и понатаму е еден од главните непријатели. Според нивната перцепција, тоа е во ист табор заедно со САД, Иран и Кина, а на терористите не им е грижа за геополитичката конфронтација на овие земји, велат експертите. Покрај тоа, обидите […]

Центрите за мигранти во Албанија ќе профункционираат на 20 мај


На 20 мај, во Албанија ќе профункционират центрите за мигранти, што е врз основа на догоровор, кој на 6 ноември минатата година, во Рим, го потпишаа премиерите на Албанија и на Италија, Еди Рама и Џорџа Мелони. Италијанската влада го одреди овој датум, 20 мај, кога ќе го изврши првиот трансфер на групи кои илегално […]

Утре одлука: Асанж ќе биде екстрадиран во Америка?


Високиот суд во Лондон утре ќе донесе пресуда дали основачот на Викиликс Џулијан Асанж може да поднесе жалба против екстрадицијата во САД. „Тоа е тоа. Одлуката ќе биде донесена утре“, напишала неговата сопруга Стела Асанж на социјалната мрежа „Х“, пренесува Ројтерс. Дали ќе биде ослободен? САД бараат екстрадиција на Асанж поради објавувањето на тајните воени […]

Нетанјаху лут поради усвоената резолуција на ОН, ја откажа посетата на израелска делегација на Вашингтон


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја откажа посетата на израелска делегација на Белата куќа, а како причина се наведува дека САД се откажаа од заканата за вето на гласањето во Советот за безбедност на ОН. Нетанјаху претходно се закани дека ќе ја откаже посетата на Вашингтон што беше закажана за почетокот на оваа недела, што и […]

Советот за безбедност усвои резолуција за прекин на огнот во Газа, САД беа воздржани


  За прв пат Советот за безбедност на ОН гласаше за повик за прекин на огнот во Газа, откако САД беа воздржани, наместо да го користат своето вето како што тоа го правеа во претходните прилики. Русија и Кина, исто така, претходно ставија вето на текстовите. Резолуцијата што беше донесена беше напишана од 10-те избрани […]

По што е познат Араз Агаларов, сопственикот на салата во Москва каде што нападнаа терористите?


  Целиот комплекс „Крокус“ во Подмосковјето  и концертната сала во него, каде што беше извршен ужасниот терористички напад, е во приватна сопственост. Него го изгради Араз Агаларов, руски претприемач, претседател и сопственик на Групацијата на компании „Крокус“. Во 2021 година, магазинот „Форбс“ го процени богатството на Агаларов на 1,2 милијарди долари. Претприемачот влезе во првите […]

Подољак тврди: Многу прашања околу нападот во Москва останаа без одговор


Советникот на украинскиот претседател, Михаило Подољак, реагираше на обвинувањата на Москва околу можна замешаност на Киев во нападот на концертната сала во Москва реплицирајќи дека терористите се всушност привремени руски државјани и дека, иако седиштето на руското ФБИ се наоѓа на стотици метри од местото на нападот, им требало цел час да стигнат.  „Терористите се […]

Убиена најмладата еквадорска градоначалничка (27)


Најмладата градоначалничка на Еквадор Брижит Гарсија (27) и вработена во градот биле пронајдени убиени во автомобил вчера рано наутро, соопшти еквадорската полиција. Властите на таа јужноамериканска земја ја обвинуваат трговијата со дрога за бранот насилства во земјата, пишува Ројтерс. Националната полиција соопшти дека ја истражува смртта на 27-годишната градоначалничка на Сан Висенте и Жаир Лоор, […]

Ќелијата на ИСИС која нападна во Москва се обиде да нападне и во Франција, објави Макрон


  Ќелијата на ИСИС наречена „Вилајат Хорасан“, која ја презеде одговорноста за нападот врз концертната сала „Крокус“ кај Москва, претходно направила „неколку обиди“ да изврши терористички напади во Франција, рече претседателот Емануел Макрон. „Во текот на изминатите месеци, токму оваа група направи неколку обиди на нашата територија“, го цитира Макрон телевизијата БФМ. Францускиот претседател не […]

Словенија, Шпанија, Малта и Ирска сакаат да ја признаат Палестина. Стигна одговорот на Израел


Израел денеска оцени дека планот на четири европски земји да работат во насока на признавање на палестинската држава е „награда за тероризмот“ што ќе ги намали изгледите за договорено решение на израелско-палестинскиот конфликт. Шпанија во петокот објави дека се договорила со Малта, Ирска и Словенија да ги преземе првите чекори кон признавање на палестинската државност […]

Кремљ фаќал ИСИС-овци и ги правел соработници


Повеќе од една година руските разузнавачки служби работат во воени услови – многу малку се знае јавно со што се занимавале. Специјалниот дописник на Медуза, Лилија Јапарова и експертот за тероризам Вера Миронова открија дека меѓу другото, Федералната служба за безбедност на земјата (ФСБ) регрутирала поранешни борци на Исламската држава (или ИСИС) и се обидувала […]