Сунак свика состанок на Европската политичка заедница


 Британскиот премиер Риши Сунак ќе биде домаќин на европските лидери на состанокот на Европската политичка заедница во палатата Бленхајм во близина на Оксфорд на 18 јули, соопшти денеска британската Влада. – Драго ми е што Обединетото Кралство ќе биде домаќин на следниот состанок на Европската политичка заедница во историската палата Бленхајм, рече Сунак во изјавата, […]

ИДФ: Околу 300 осомничени терористи се приведени за време на операцијата во болницата Ал Шифа


 Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека околу 300 осомничени терористи биле приведени за време на операцијата во болницата Ал Шифа во градот Газа. Според ИДФ, меѓу приведените има „неколку десетици истакнати терористи“ од Хамас и палестинскиот Исламски џихад, јави „Тајмс оф Израел“. Уапсените оперативци наводно се вклучени во управување со терористички напади на Западниот […]

Во Боливија запленети 7,2 тони кокаин во вредност од 451 милион долари


Боливиската полиција заплени повеќе од 7,2 тони кокаин, што е втора рекордна заплена на дрога во земјата, со проценета улична вредност од 451 милион долари. Министерството за полиција на Боливија соопшти дека дрогата била наменета да се испрати во Белгија. Акцијата била спроведена во регионот Писих, на границата со Чиле, а дрогата била скриена во […]

Остин: САД нема да дозволат Украина да претрпи неуспех


 САД нема да ја изневерат Украина. САД нема да дозволат Украина да претрпи неуспех“, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на почетокот на состанокот контакт група за Украина. Оваа коалиција, рече тој, нема да дозволи Украина да претрпи неуспех и слободниот свет нема да дозволи Украина да претрпи неуспех. Состанокот на контакт групата, сојузници […]

Зошто западните санкции не ја уништија руската економија: Москва беше подготвена


Западот се обидува економски да ја ослабне Русија со санкции, но не успева во степенот што го очекуваше. Отпорноста на руската економија е политички клучна за претседателот Владимир Путин, кој постојано е на чело на земјата од 1999 година. По почетокот на руската агресија врз Украина, многу големи компании ја напуштија Русија. Потоа следеа неколку […]

Кој му честиташе на Путин на изборната победа и што значи тоа во глобалниот свет


  По убедливата победа на Владимир Путин на претседателските избори во неделата, западните влади се наредија за да ја окарактеризираат победата како нефер и недемократска. Изборите ја нагласија „длабочината на репресијата“ во Русија, според британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, додека американскиот Стејт департмент рече дека затворањето и дисквалификацијата на противниците значи дека процесот […]

Тунис ја затвори границата


Тунис привремено го затвори својот граничен премин Рас Ајдир со Либија со цел да ја зачува безбедноста на своите граѓани поради вооружените конфликти на либиската страна на преминот. На видеото кое се појави на социјалните мрежи, на либиската страна на граничниот премин се гледа запалено возило, со звуци на пукотници, како и луѓе кои трчаат, […]

Во рудник за злато во Русија, под урнатините заробени 13 лица


Вонредна состојба е воведена во регионот Амур на далечниот исток на Русија поради инцидент во рудникот за злато „Пионер“ во областа Зеја, каде 13 лица останаа заробени под урнатините поради пад на карпа, соопшти владата на тој регион. . Според првичните информации, 13 лица се на длабочина меѓу 100 и 150 метри. „Во регионот Амур […]

Околу 700 луѓе останаа заробени, прекинати сите врски – циклон во Австралија


Околу 700 луѓе останаа блокирани на северот на Австралија по минувањето на тропскиот циклон кој ги прекина врските со остатокот од земјата. While #CycloneMegan has been downgraded to a Tropical Low this morning, residents in Borroloola and surrounding areas are advised to brace for heavy rainfall. Rising water levels in Rocky Creek and the McArthur […]

Војниците во Европа си заминуваат токму кога се најпотребни на НАТО


ПАРИЗ – Повеќе не се работи толку за регрутирање нови војници колку за убедување на постоечките да не се откажат. Оваа недела, францускиот министер за вооружени сили Себастиен Лекорну претстави план за задржување таленти за да го поттикне воениот персонал да остане во униформа. Тоа доаѓа неколку дена откако годишниот извештај доставен до германскиот парламент покажа дека […]

„Нова газета-Европа“: Половина од гласовите за Путин се фалсификувани


  Уфрлени се приближно половина од гласовите за Владимир Путин на претседателските избори, пресмета независниот руски весник „Нова газета-Европа“. Според студијата, најмалку 31,6 милиони од 64,7 милиони гласачки ливчиња за Путин биле фалсификувани. Вкупно, без електронско гласање, на изборите учествуваа 74,5 милиони гласачи. Новинарите ја спроведоа студијата користејќи го методот на математичарот и изборен аналитичар […]

САД објавија сеопфатна забрана за азбест како дел од борба против ракот


Агенцијата за заштита на животната средина на САД (ЕПА) денеска објави сеопфатна забрана за азбест. Новото правило забранува хризотил азбест, единствениот вид на тој влакнест минерал кој е во постојана употреба во САД. Одлуката е донесена затоа што канцерогената супстанца сè уште се користи во некои белила со хлор, плочки за сопирачките и други производи […]

Зеленски: Критично важна е брза одлука на американскиот Конгрес за помош за Украина


Брза одлука на американскиот Конгрес да ја деблокира финансиската помош за Украина е од „критично значење“, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија армија има сериозно недостиг од муниција против руските сили. – За нас е од клучно значење Конгресот брзо да ги заврши сите неопходни процедури и да донесе конечна одлука за пакетот од […]

Борел: Израел предизвикува глад во Газа


Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска изјави дека Израел предизвикува глад во Газа и го користи гладот ​​како оружје во војната, а ова обвинение експресно го отфрли израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац. -Луѓето во Газа веќе не се на работ на глад, туку во состојба на глад и илјадници луѓе се погодени, […]

Путин, Ким, Асад и нивните најфантастични изборни победи


Во случај да сте пропуштиле, рускиот претседател Владимир Путин си обезбеди уште шест години на власт во текот на викендот, „победувајќи“ на наместени избори без практично никаков вистински противник. Шокантно, нели? Како подвиг на великодушност, Путин си даде „само“ 87 отсто од гласовите, според прелиминарните резултати, што е најголема од  која било од неговите пет […]

Путин се „преигра“ со лажната „убедлива победа“


  „Најважниот исход од какви било руски избори е легитимитетот“, им рече Владимир Путин на највисоките руски изборни претставници кога тие се собраа во неговата резиденција надвор од Москва во ноември. „Тоа е основата на политичката стабилност“. Во неделата, по три дена гласање, истите тие функционери прогласија убедлива победа на претседателот, со што доби рекордни […]

Сунак: Важно е пролетва да почне депортацијата на мигрантите во Руанда


Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека очекува Обединетото Кралство во април да го почне депортирањето на барателите на азил во Руанда, придржувајќи се до првичната временска рамка за планот за кој моментално се расправа во парламентот. -Сè уште сум посветен на крајниот рок што го поставив претходно, што значи дека депортацијата почнува оваа пролет, […]

НАТО ја гради најголемата воена база во Европа на Балканот


Романија ја започна изградбата на најголемата европска воена база на НАТО. Трансатлантскиот блок се обидува да ги зајакне своите способности во регионот на Црното Море. Проектот вреден 2,7 милијарди долари ќе ја прошири 57-мата воздухопловна база „Михаил Когалничеану“ на романските воздухопловни сили, лоцирана во близина на пристанишниот град Констанца на Црното Море. Новиот објект ќе […]

Кампањата на Џо Бајден собра 155 милиони долари


Кампањата на американскиот претседател Џо Бајден досега собра 155 милиони долари во готовина, што е многу повеќе од паричните донации за неговиот републикански противник Доналд Трамп, објавија американските медиуми. Само изминатиот месец, Бајден собра 53 милиони долари, што е најсилниот месец за локално прибирање средства. -Добиваме вистински ентузијазам додека одиме низ земјата. Собравме цел куп […]

Борел се надева дека денес конечно ќе има одлука за помошта на Украина


 Се надевам дека денеска конечно ќе донесеме важни одлуки, пред се за Фондот за помош на Украина како дел од Европскиот мировен механизам во износ од пет милијарди евра, за што се разговара со недели, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел пред почетокот на денешното заседание на Советот за […]