Европските лидери ќе се сретнат за Украина в понеделник во Париз


Францускиот претседател Емануел Макрон ги покани европските лидери на состанок во Париз в понеделник, изјави денеска во Минхен полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски, во време кога дипломатските иницијативи на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина ги загрижуваат партнерите на земјата. „Полскиот премиер Доналд Туск в понеделник ќе отпатува на состанок на европските лидери […]

Зеленски одби да ја потпише понудата на Трамп за украинските минерали


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска во Минхен дека одбил да потпише договор со САД за украински минерали, нагласувајќи дека тоа не ја штити неговата земја во оваа фаза. „Не ги овластив министрите да го потпишат договорот бидејќи тој не е подготвен. Според мене, тој не не заштитува нас“, рече Зеленски на маргините на Минхенската […]

ФТ: САД побараа од Европа да подготви предлози за безбедносни гаранции за Украина


САД побараа од европските земји да предложат какви безбедносни гаранции можат да придонесат за Украина, изјавија четири европски извори, јави ФТ. Изворите рекоа дека САД испратиле документ во кој се поставуваат прашања за можните придонеси од војниците, додека два извори велат дека документот бил испратен претходно оваа недела. „Фајненшл тајмс“ најпрвин објави дека Вашингтон побарал […]

Европа нема да биде дел од мировните преговори меѓу Украина и Русија, откри специјалниот пратеник на Трамп


Европа ќе биде консултирана – но, на крајот исклучена – од планираните мировни преговори меѓу Русија, САД и Украина, откри специјалниот пратеник на Доналд Трамп за Украина. Запрашан дали Европа ќе биде присутна на планираните разговори, Кит Келог рече дека тој е од „школата на реализмот, а тоа нема да се случи“. „Можеби е како […]

Волстрит џурнал: Нова руска шпионска единица води мрачна војна против Западот


Руски шпионски агенции создадоа нова тајна единица чија цел е да извршува тајни напади во Европа и на други места, објави Волстрит џурнал, повикувајќи се на западни разузнавачки извори. Дирекцијата за специјални задачи (СДТ) е сместена во седиштето на руското воено разузнавање, комплекс од стакло и челик на периферијата на Москва. Активностите на единицата вклучуваат […]

Политико: Дали е ова крај за НАТО?


Додека се собраа на самитот, европските официјални лица се уште беа оптоварени од 90-минутниот телефонски разговор на Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин, како и од коментарите дадени во Брисел оваа недела од американскиот секретар за одбрана Питер Хегсет. За поранешниот литвански министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис, најзанемарената линија од обраќањето на Хегсет […]

Русија за три месеци произведува онолку муниција колку што прави НАТО за една година, вели Руте


Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави денеска дека Русија за три месеци произведува онолку муниција колку што НАТО успева да произведе за една година, иако таа е економски дваесетпати поголема од Русија. „Русија се префрли на воена економија. Се уште не сме го сториле тоа. Треба да го забрзаме производството и да ја намалиме […]

Во Минхен почна големиот протест против НАТО и Минхенската безбедносна конференција


Во Минхен почна голем протест против НАТО и Конференцијата за безбедност во Минхен, што се одржува во тој град од 14 до 16 февруари На демонстрациите учесниците повикуваат на мировни преговори и се спротивставуваат на испораката на оружје за Украина и Израел. Демонстрациите беа организирани од „Алијансата за акција против безбедносната конференција на НАТО“, која […]

Меѓу ослободените од Газа е и еден американски државјанин


Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека еден американски државјанин е меѓу заложниците кои претходно денеска ги ослободи Хамас. Според него, заложниците се во добра состојба. „Израел сега ќе треба да одлучи што да прави во врска со крајниот рок во 12 часот попладне денеска (по американско време/Вашингтон) за ослободување на сите заложници“, наведе Трамп во […]

Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на Минхенската безбедносна конференција изјави дека е дојдено време да се формираат „европски вооружени сили“, наведувајќи дека борбата на Украина против Русија докажала дека веќе има причина за тоа. Зеленски рече дека Европа не може да ја исклучи можноста САД да одбијат да и помогнат за прашања што и се […]

Полскиот премиер ја повика Европа итно да подготви план за Украина


Полскиот премиер Доналд Туск денеска ги повика Европејците итно да создадат план за Украина и безбедноста на континентот, за нејзината иднина да не биде обликувана од други, бидејќи може да се случи мирот за кој преговараат глобалните играчи да не е во согласност со европските интереси. „На Европа итно и треба план, свој план за […]

(Видео) Пожар во хотел во Лондон познат по престојот на Мадона, Кајли Миног и Том Круз…


Околу 100 луѓе се евакуирани од хотел во Лондон откако избувна пожар во приземјето на зградата. Пожарот избувнал во хотелот и ресторанот „Chiltern Firehouse“, познат по тоа што го посетуваат познати личности како Мадона, Кајли Миног и Том Круз. На местото на пожарот се испратени повеќе од 100 пожарникари и 20 противпожарни возила. Around 100 […]

Јужна Калифорнија погодена од поплави и лизгање на земјиштето


Жителите на Јужна Калифорнија кои претрпеа штети од пожарот во населбата Итон сега се погодени од поплави и лизгање на земјиштето поради невремето што ја зафати областа. Во четвртокот вечерта, вода, камења и кал се слеваа по планината во градот Сиера Мадре. Булдожери вчера ги расчистуваа улиците покриени со кал во градот со 10.000 жители. 

Германскиот канцелар му одговори на Џеј Ди Венс


Германскиот канцелар Олаф Шолц денес одлучно го бранеше својот став против екстремната десница, велејќи дека неговата земја нема да прифати луѓе кои „се обидуваат да интервенираат во нашата демократија“, еден ден откако американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ги критикуваше европските лидери за нивниот пристап кон демократијата. Германскиот лидер зборуваше осум дена пред клучните избори во […]

Хамас изведе тројца израелски заложници пред голема толпа во Појасот Газа пред предавањето на Црвениот крст


 Хамас денеска изведе тројца израелски заложници пред голема толпа во Појасот Газа пред нивното најавено предавање на Црвениот крст како имплементација на договорот за прекин на огнот според кој Израел треба да ослободи стотици затворени Палестинци во замена за заложниците. Тројцата заложници кои денеска ќе бидат ослободени се Иар Хорн (46), двоен државјанин на Израел […]

Администрацијата на Трамп отпушти високи лидери на Националниот архив


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп отпушта високи лидери на Националниот архив на САД, објавија денеска американските медиуми. Цитирајќи извор запознаен со ситуацијата, Си-Ен-Ен објави дека потегот дојде откако претседателот Трамп минатата недела ја отпушти директорката на Националниот архив (НА), Колин Шоган. Како директорка на НА, Шоган беше одговорна за надзор на владините документи и […]

„Еурактив“: Понижување на Европа


По сите најави во последните години околу „стратешката автономија“ и геополитичкото влијание на ЕУ, оваа недела и официјално видовме колку навистина Европа е мала на глобалната сцена, се наведува во коментар на бриселскиот портал „Еурактив“ во врска со последните случувања околу Украина.  Според авторот на коментарот, колку е Европа мала, станува јасно ако се види […]

Силен земјотрес регистриран во Сибир, прогласена состојба на висока готовност


Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во Сибир, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри, на 29 километри северно од градот Кош Агач во регионот Алтај. Земјотресот бил почувствуван и во Казахстан. Откако силен земјотрес го потресе сибирскиот регион, во Алтај е […]

Трамп најави воведување царини за увоз на автомобили во април


Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека има намера да воведе царини за увоз на автомобили некаде околу 2 април, што е најновото во серијата такси за странска стока, пренесоа агенциите. Американскиот лидер не прецизираше дали сите автомобили ќе спаѓаат во опсегот на мерката или само оние од одредени земји. Запрашан да коментира кога ќе стапи […]

Париз ќе именува дел од авенијата во близина на руската амбасада по Навални


Париз ќе именува дел од авенијата по Алексеј Навални, покојниот руски опозициски лидер кој почина во арктичка колонија на руски затвор под неразјаснети околности, соопшти градскиот совет. Полоњската авенија во богатиот 16-ти арондисман на главниот град ќе има една страна, онаа со непарни куќни броеви, наречена „Алексеј Навални“, објави градското собрание по гласањето. Градските власти […]