Тексас го погоди земјотрес со јачина од 5,2 степени
Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Тексас, САД, објави веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од осум километри, на 68 километри северно од Пекос, Тексас. Потресите ги почувствувале и жителите во Мексико.