Трамп вели дека наскоро би можел да се сретне со Путин во врска со Украина


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во најскоро време би можел да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговара за Украина.  Тој додаде дека работи напорно за да постигне мир во Украина и оти верува дека и Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски сакаат борбите да престанат.  На новинарско прашање за можниот […]

Администрацијата на Доналд Трамп го запре отпуштањето иницирано од Маск во американските програми за нуклеарно оружје


Администрацијата на Доналд Трамп го запре отпуштањето на стотици федерални вработени задолжени да работат на програмите за нуклеарно оружје на САД, јавија американски медиуми, цитирајќи тројца американски претставници. Според нив, 350 вработени од Националната администрација за нуклеарна безбедност биле отпуштени доцна во четвртокот, при што некои го изгубиле пристапот до нивната е-пошта и канцелариите пред […]

Преговорите за ставање крај на војната во Украина ќе започнат утре во Ријад


Преговорите за ставање крај на војната во Украина ќе започнат на 18 февруари во Ријад, со учество на официјална руска делегација, објави синоќа рускиот весник „Комерсант“. Весникот не објави кои ќе бидат членовите на руската делегација во преговорите во Саудиска Арабија, наведувајќи дека на Телеграм се појавиле информации за подготовки на рускиот министер за надворешни […]

Нетанјаху утре ќе испрати преговарачки тим во Каиро за да ги продолжи разговорите за прекин на огнот


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху утре ќе испрати делегација преговарачи во Каиро за да разговараат за „продолжување на спроведувањето на првата фаза од договорот“ за прекинот на огнот во Појасот Газа, соопшти вечерва неговиот кабинет. „Бенјамин Нетанјаху и наложи на преговарачката делегација утре да отпатува во Каиро за да разговара за продолжување на примената на првата […]

Извори: САД испрати прашалник до земјите на ЕУ за Русија и Украина, ова се прашањата


САД, наводно, испратиле прашалник до европските сојузници, барајќи од нив детални предлози за оружјето, мировните трупи и безбедносните аранжмани што би можеле да му ги дадат на Киев како дел од безбедносните гаранции што би можеле да се договорат за ставање крај на руската инвазија. Во документот, кој се состои од шест точки и прашања, […]

Холандската морнарица придружува група од шест руски бродови во Северното Море


Холандската морнарица придружува група од шест руски бродови во Северното Море како дел од рутинските операции за надзор, соопшти денеска холандското Министерство за одбрана. Групата се состоела од три воени и три цивилни бродови, а се движела од Средоземното Море кон руското пристаниште, пренесува Nltimes. Бродот на холандската морнарица Јохан де Вит, како и еден […]

Кремљ се огласи за преговорите


Кремљ дополнително го коментираше телефонскиот разговор меѓу актуелниот американски претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин претходно оваа недела, што предизвика серија дипломатски активности поврзани со војната во Украина. Во неделата, официјалниот портпарол на рускиот претседател рече дека поканата значи дека Русија и САД сега ќе разговараат за мир, а не за војна. „Ова […]

Зеленски го отфрли договорот за минерали со САД


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека им наредил на своите министри да не потпишуваат договор со кој на САД ќе им се овозможи пристап до вредните и ретки минерали на Украина, објаснувајќи дека документот е премногу фокусиран на интересите на САД. „За мене е многу важна врската помеѓу некакви безбедносни гаранции и некаква инвестиција“, рече […]

(Видео) Етна повторно еруптира


Етна, највисокиот и најактивниот вулкан во Европа, во моментов повторно еруптира, што ги загрижува патниците кои планираат да ја посетат Сицилија. #Etna on the evening of 12 February 2025. Lava flow emission from a fissure at 3000 m elevation and explosive activity at the Southeast Crater pic.twitter.com/c3WFpL4gf9 — Boris Behncke (@etnaboris) February 13, 2025 Последната […]

Рубио и Нетанјаху: Иран е единствениот најголем извор на нестабилност во регионот


Американскиот државен секретар Марк Рубио по разговорите со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека се согласиле дека Иран е „единствениот најголем извор на нестабилност во регионот“. „Иран стои зад секоја терористичка група, секој чин на насилство и секоја дестабилизирачка активност. Зад сè што ги загрозува мирот и стабилноста на милиони луѓе кои овој регион го […]

Макрон утре ќе биде домаќин на состанокот на европските лидери за ситуацијата во Украина


Францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе биде домаќин на состанок на европските лидери на кој ќе се разговара за ситуацијата во Украина, потврди министерот за надворешни работи Жан-Ноел Баро, цитиран од светските агенции. Како што е наведено, состанокот ќе се одржи неколку дена откако американскиот специјален пратеник за Украина Кит Келог „ја потресе Европа со […]

Поплави во САД – едно лице загина, предупредени 128 милиони луѓе


Најмалку едно лице загина кога поплави погодија неколку сојузни држави во јужниот дел на САД, а беа издадени предупредувања за над 128 милиони луѓе, објавија денеска американските медиуми. Најтешко биле погодени делови од Кентаки, Арканзас, Тенеси и Вирџинија, каде паднал силен дожд, пишува New York Post. Националната метеоролошка служба предупреди дека се очекуваат големи поплави […]

Ова е Сириецот кој го запре напаѓачот во Вилаш: „Не размислував ни секунда, не сме исти“


Сириец (23) е уапсен откако вчера по случаен избор со нож избодел петмина минувачи во Вилах, град во јужна Австрија, но во неговото крваво дивеење бил спречен од друг Сириец. Напаѓачот бил запрен од 42-годишниот Алаедин Алхалаби, Сириец кој со години работел како доставувач на храна во Австрија. Тој без размислување се упатил со своето […]

Стотици бели Јужноафриканци протестираат и го поддржуваат Трамп, тврдејќи дека се жртви на расизам


Голем број бели Јужноафриканци вчера јавно му изразија поддршка на американскиот претседател Доналд Трамп со собирање пред амбасадата на Соединетите Американски Држави во Преторија. Тие тврдат дека се жртви на расизам од страна на јужноафриканската влада. Се собраа неколку стотици луѓе кои носеа транспаренти на кои, меѓу другото, пишуваше „Фала му на Бога за претседателот […]

Најмалку 18 загинати во стампедо на железничка станица во Њу Делхи


 Најмалку 18 лица, од кои 10 жени и три деца, загинаа, а 10 се повредени во стампедо на железничка станица во Њу Делхи, јавија денеска индиските медиуми. Повикувајќи се на официјални лица, индиската телевизија NDTV објави дека инцидентот се случил вчера околу 20:00 часот по локално време, на два перона каде што патниците чекале да […]

ЕУ анализи: Разговорите Трамп-Путин за мирот во Украина нов Минхен ’38 или реконструкција на светскиот поредок


 Телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и шефот на Кремљ, Владимир Путин предизвика стравувања во ЕУ и НАТО на Европа да бидат целосно настрана во мировните преговори во Украина, па дури и стравувања од реконструкција на меѓународниот поредок и „нов Минхен 1938“, предупредуваат аналитичари и медиуми во ЕУ. Официјални претставници на ЕУ, како што […]

Каја Калас повика утре на состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ со фокус на САД и на Украина


Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Каја Калас, ги повика министрите за надворешни работи на Унијата да се сретнат утре на маргините на Минхенската безбедносна конференција за да разговараат за односите со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и војната во Украина. „Целта на состанокот ќе биде размена на информации и […]

Тим на Трамп ќе ги почне руско-украинските мировни преговори во Саудиска Арабија


Високи претставници од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе почнат мировни преговори со руски и украински преговарачи во Саудиска Арабија, изјавија денеска републиканскиот конгресмен од Тексас Мајк Мекејн и двајца американски претставници запознати со планот. Како што објави Политико, советникот на Трамп за национална безбедност Мајк Волц ќе им се придружи на државниот секретар […]

Лавров остварил телефонски разговор со Рубио


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров остварил телефонски разговор со американскиот државен секретар Марко Рубио, јавија риуските медиуми. Според руските медиуми, разговорот бил на иницијатива на Вашингтон. Лавров и Рубио се договориле да одржуваат редовни контакти, вклучително и да подготват за средба меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин. „Двете страни […]

Сириец избоде пет лица во Вилах, Австрија, почина 14-годишник


23-годишен Сириец по случаен избор избодел петмина минувачи во Вилах, град во јужна Австрија, соопшти полицијата. Во нападот загина 14-годишно момче, а четири лица се повредени. Полицијата го привела осомничениот. Мажот е сириски државјанин кој легално престојува во Австрија, соопшти полицијата. „Ова е исклучителен и шокантен настан. Вакво нешто досега не е видено во Корушка“, […]